Печати

15 години танц студио Зодијак

Танц студиото Зодијак при ЦК,,Марко Цепенков,,, со целовечерен годишен концерт, на 29 април го одбележи својот петнаесетти роденден. На овој настан беше прикажан и краток филм и прочитана интернационалната порака за танцот за 2014 година од францускиот кореограф Мourad Merzouki, а на сцената се претставија сите 100 танчери.

Беа изведени кореографии од класичниот балет, современиот танц, хип-хопот како и естрадни танци, а публиката имаше можност да види дел од најнаградуваните кореографии од фестивали како во земјава така и од странство.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.