Светски Ден на Танцот Печати

 

29 април Светски ден на танцот

Трибина и работилница за танцот


Во средата, 28 април, во фоајето на НУЦК„Марко Цепенков” се одржа интерактивна трибина-работилница по повод 29 април Светскиот ден на танцот. Модераторите Марјан Спиркоски и Кире Миладиноски се осврнаа на социолошко - културниот аспект на значејнето и функцијата на танцот, чија крајна цел, покрај неодминливиот ефект на разонода, како уметност е облагородување на човекот и општеството. На манифестацијата со свои настапи-перформанси учествуваше дел од танцовото студио „Зодијак” кое работи во склопот на НУЦК„Марко Цепенков”, а младите танцувачи не само што танцуваа туку се вклучија во трибината искажувајќи ги своите чувства и видувања за модерниот танц.

Со оваа манифестација Центарот за култура започнува серија интерактивни трибини за одбележување на светски настани од областа на културата.