Печати

„Скица за гоблен од Паљачо” - нова претстава на МДС



Младинското драмско студио при НУЦК„Марко Цепенков” пред својата публика ја промовира својата нова претстава. Предизвик за младите театарски аматери овој пат беше текстот „Скица за гоблен од Паљачо” од Трајче Крстетски во режија на Саша Нацески.

МДС се обиде на сцена да го пренесе интригантниот текст на Крстески, кој на симболичен начин опишува одредени општествени појави. Со оваа претстава Младинското драмско студио конкурира за учество на Фестивалот за аматерски театар во Кочани, а претставата беше проследена од селекторот на овој фестивал, актерот, Нино Леви.