Печати

 

МДС со нова претстава



„Ај не туку ми се шетај гола” од Жорж Фејдо, во режија на Александар Дамчески и Христијан Тодороски, е новата премиера на Младинското драмско студио. Претставата е комедија во која се вклучени необични заплети во кој играат седумина аматери. Младинското драмско студио со претставата „Скица за гоблен од Палјачо” ќе учествува на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, каде во конкуренција на 14-ет аматерски проекти ќе се бори за престижната статуетка „Васил Ќортошев” за најдобро аматерско театарско остварување во оваа година.