• Дома
  • За Нас
  • Марко Цепенков
  • Email
  • Документи и извештаи
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share

Foto cestika za Nova godina i Bozik

 
PDF Печати Е-пошта
Share

„Ротации“изложба од Кристијан Јованоски во Прилеп

Уметникот Кристијан Јованоски, со тематската изложба „Ротации“се претставува во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. ( 23.12.2020 – 20.1.2020). На Јованоски ова му е прва самостојна изложба и вели дека „Ротации“ е проект што ги поврзува неколку дела од 2018, 2019 и 2020 година.

- Се работи за инсталација составена од слики, цртежи, и објекти. Цртежот е основата по која почнав да ги гледам, проучувам и осознавам деталите во светот кој го живееме кои за мене се релевантни во креирањето, а со тоа и живеењето. Реалноста со својата динамичност која се манифестира преку верига промени на настани е афирмацијата што го предизвика ова набљудување на едно константно патување. Восприемање на реалноста низ призмата на „тивките сознанија“ потсвесно ја буди постојаната потреба на бришење на мисловните стеги со цел да се допре до флуидноста на едно движење. Еден од сегментите кои ја надополнуваат водечката особина при едно живеење,како што е насочената мислата, така и патот/патувањето и идејата за истото. „Ротациии“ е проширен процес на набљудување, а воедно и заобиколување на сопствените дејствувања, вонвременско и присуство од перспектива на набљудувач. Преку оваа инсталација се обидувам да прикажам проекција на одредени сегменти од едно сведочење, да ги отворам новите облици на толкување на нашиот интуитивен елемент, на свесноста за каузалноста која ја минуваме во временското, минливото – вели уметникот.

Кристијан Јованоски има дипломирано на ФЛУ, оддел сликарствосо Графички дизајн вокласатанапроф. м-р ЖанетаВангели.Од 2020 годиначлен е наДруштвотоналиковнитеуметницинаМакедонија, а досега бил дел од групни изложби и перформанси.

IMG_20201223_115920.jpg IMG_20201223_115742.jpg IMG_20201223_115956.jpg IMG_20201223_115930.jpg IMG_20201223_120044.jpg IMG_20201223_115940.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

rotacii

 
PDF Печати Е-пошта
Share

„Приказни од дворот“ – изложба од Симонида Филипова Китановска

На 4 декември 2020 во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата „Приказни од дворот “ од уметницата Симонида Филипова Китановска, која пред прилепчани се претстави со 40 акварели.

Според Тони Китановски „уметностапретставенаовдее старзанает на мешањенапигментсовода и сликањесонегонахартијанаправенаодпамук.

-Таа е самоодржлива (најслушаниотзборкогасеобидувамеда го поправимесèштодосегауништивмевоприродата), уметноствочистаформаштонебараекспликација.И што е најважно– замислена е воумотнауметникотпреддазапочнечинотнасликање.Уживајтевошоуто и вемолиме, грижетесезавашиотдвор и живиот свет вонего – вели Китановски

Симонида Филипова Китановска е активен професионален уметник и член на ДЛУМ од 1988 . Нејзината уметничка кариера е константно обележана со бројни меѓународни и домашни претставувања на самостојни и групни изложби.Самостојно излагала во националните галерии во земјава ( Даут Пашин Амам, Мала Станица..) но и во странство.Добитник е на бројни домашни и меѓународни награди.

Последниве години нејзиното творештво речиси исклучиво е во техниката акварел. Покрај бројните претставувања на светската сцена често е поканета и да ја презентира својата специфична техника на изразување.Во долгогодишната кариера успешно се изразувала во повеќе визуелни медиуми: инсталација, масло, перформанс, графика, видео арт...

DSCN2815.JPG DSCN2833.JPG DSCN2818.JPG DSCN2817.JPG DSCN2816.JPG DSCN2813.JPG


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

129718511 1722293981285094 7892720307295551323 n

 
PDF Печати Е-пошта
Share

НУЦК МАРКО ЦЕПЕНКОВ - ПРИЛЕП - ТЕАТАР "Војдан Чернодрински"

127242390 396672968343314 4334532238717320832 n

Петок, 4.12.2020  - 18.00 ч. „Каменот“, режија Кристина Димитрова

Резервации на влезници на 076 442 378

 
PDF Печати Е-пошта
Share

„Од меморијата“ изложба од Беди Ибрахим

„Од меморијата“ е тематската изложба од уметникот Беди Ибрахим што e отворена во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ .( 20.11. до 3.12.2020)

Конча Пиркоска вели дека самиот наслов на изложбата „Од меморијата“ на Беди Ибрахим, нѝ  реферира на некои временски фрагменти, на акумулирани сеќавања кои се суптилно впишани во  авторовиот  ментален и емотивно визуелизиран дневник.

IMG_20201120_121759.jpg IMG_20201120_121734.jpg IMG_20201120_115945.jpg IMG_20201120_120034.jpg IMG_20201120_120040.jpg IMG_20201120_115937.jpg

- Сегашниот избор од страниците на  дневникот, авторот  нѝ го селектира  на девет   различно интонирани реди мејд предмети. Инсистирајќи на нивната изворна морфологија, само со минимална скулпторска и колористичка интервенција и комбинација, авторот на скулптурите и објектите, ќе им ја додели улогата на наратори. Тие, самите за себе, ќе нѝ говорат за нивната функција во времето на нивното време, но и за нашиот индивидуален и колективен заборав. Оттука, во фонот, во потекстот на делата: „Семејно стебло“, „Земја и леб“, „Исчекор“, „Виртуелно огледало“, „Илузија“, „Невестински ковчег“, „Танц“,  авторот во извесна смисла, и себеси ќе се препознае и презентира како конаратор, соучесник, кој ќе ја надополни играта на  нараторите  што се одвива помеѓу имагинацијата и реалноста. Низ ремеморирањето, ќе нѝ ги (пре)раскаже нивните различни приказни, потсетувајќи ги набљудувачите на некои битни универзални пораки...Со овој интердисциплинарен скулпторско-сликарски концепт   не само што ревносно ја доградува неговата лична креативна архитектура на времето, туку  Беди Ибрахим, низ  создавањето нѝ реферира на неговото длабоко разбирање и почитување на законите на редот кои владеат со космичкиот принцип, со принципот на нераскинливата врска на времето минато со времето  сегашно – вели Пиркоска за изложбата на уметникот.

Беди Ибрахим дипломирал на ФЛУ на одделот за скулптура. Бил член на групата „Зеро“. Во 1991г. престојувал на Универзитетот Мимар Синан во Истанбул, како и во ателјето на познатиот архитект Џенгис Бекташ .Во 1992 г. престојувал на Јилдиз Универитетот во Истанбул каде вршел истражувања во Кападокија. Во 1997 г. бил единствен претставник од Македонија на Меѓународното биенале во Истан­бул. Од 1999-2001 г. бил директор на Турската драма. Од 2002 до денес работи на ФЛУ како редовен  проф. на вајарскиот оддел и актуелен декан на ФЛУ. Во еден мандат бил и продекан за настава. Освен со скулптура се занимава и со сликарство и сценографија. Досега има реализиран над 20  самостојни изложби во земјата и во странство и бројни групни учества на локалната и меѓународната сцена. До­битник е на три наци­онал­ни и меѓународни награди. 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share
 
PDF Печати Е-пошта
Share

ИЗЛОЖБА „ЛУНАРНО- СОЛАРНО, КАМЕНО - МЕТАЛНО, КЛИН“ ОД ДАМЈАН  ЃУРОВ

Изложбата „Лунарно- соларно, Камено - Метално, Клин“ од Дамјан Ѓуров, е поставена во Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“. Поставката е симбиоза на три циклуси преку техничка и идејна концепција.

Во циклусот Лунарно-Соларно се потенцира на потребата за симболичко доживување на светот и неговиот космоген карактер, додека пак во циклусот Камено-Метално време се навраќа повеке на земскиот карактер и поопипливо ја доловува земската и архаична димензија кај човекот, за на крај во последниот циклус Клин, на сосема различен пристап а сепак симболички, да го соочува човекот со егзистенцијалните проблеми и неговото присуство во општество.

- Циклусите Лунарно-Соларно и Камено-Метално време имаат еден сличен пристап во начинот на кој се комбинираат матријалите и нивното спојување.Симболиката се проткајува низ делата од двата циклуси и преку спојувањето на матријалите и преку идејната концепција.Видно е изоставен фигуративниот приказ на човекот. Во циклусот КЛИН навестувам едно ново поглавје. Од технички аспект во смисла на матријалната концепција, (мислам на комбинирањето на различни матријали)но и преку фигуративниот наративен приказ на анатомијата и самиот човек. Во целата оваа симболичка и историска вертикала, главниот чинител и создавач е човекот и преку него продолжувам да ја толкувам мојата приказна (концепција). Сите овие циклуси имаат за цел да се долови развојот на една мисла како во идејна така и во техничка смисла – вели уметникот Ѓуров.

Дамјан Ѓуров, дипломирал на ФЛУ во Скопје на одделот за скулптура,во класата на професор Беди Ибрахим - насока Керамика. Реализирал самостојни и групни изложби и учествувал на повеќе ликовни колонии.

IMG_20201113_120442.jpg IMG_20201113_120700.jpg IMG_20201113_120614.jpg IMG_20201113_120506.jpg IMG_20201113_120636.jpg IMG_20201113_120644.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

fantazija

 
Повеќе Артикли...
  • ДАМЈАН ЃУРОВ
  • Изложба на дела од колонијата Дрен 2020
  • Dren 2020
  • ana mitoska - koncert
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 1 од 67

Изработено од Бучевски Дејан