• Дома
  • За Нас
  • Марко Цепенков
  • Email
  • Документи и извештаи
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела од Снежана Малетин

Во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“е отворена изложба на дела од уметницата Снежана Малетин. На изложбата, што ќе биде отворена до 16 август 2018, претставени се 20 дела.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар по уметност, која посочи дека Малетин создава полуапстрактни кадри од урбаната архитектура.

- Нејзините дела повикуваат на една необична средба со неизвесноста, која плени и мами да се открие. Набљудувајќи ги делата, посетителот како да насетува дека во сокриеното сокаче позади зградата се крие заборавена човечка приказна која чека да биде повторно сослушана.Игривата природа на уметничките дела во основа е тоа што ги прави неодоливи и привлечни. Во основа, како самата техника - графика, која што на бел лист хартија остава трага, така и делата на Малетин оставаат сопствен печат врз посетителот“ - рече Димеска на отворањето на изложбата.

38246214_1803289133084882_1039611088993255424_o.jpg 37981311_1803288323084963_1753723554563620864_o.jpg 2.jpg 38218365_1803289613084834_2288391019491753984_o.jpg 38234401_1803289986418130_9076007237868060672_o.jpg 1.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

ungarska-vecer

 
PDF Печати Е-пошта
Share

PKL2018

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Мал формат“

Во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ е отворена изложба на дела „Мал формат“.(24.7 до 1.8.2018).

На изложбата, што ја отворија Викторија Димеска, историчар по уметност и Христијан Санев, претседател на ДЛУМ, претставени се 45 дела – слики и скулптури, од исто толку уметници – членови на ДЛУМ, меѓу кои и две дела од прилепските автори Кирил Гегоски и Драган Верговски – Алпи.

DSCN0455.jpg DSCN0423.jpg DSCN0439.jpg DSCN0434.jpg DSCN0465.jpg

Според Димеска, која го презентираше историјатот на Друштвото, творештвото на ДЛУМ е со богат опус и нуди широк избор на дела од многубројни уметници.
Санев ја потенцираше соработката со Центарот и посочи дека „малиот формат“ е интересна манифестација за уметниците.

"Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на сликарите и скулпторите во ситната пластика. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25, сеуште претставува искушение и за најголемите мајстори на четката и бојата. 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Mal-Format-Prilep

 
PDF Печати Е-пошта
Share

4trubi

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Живееме, Танцуваме, Тагуваме“ од Моника Десоска Каргова

Во ликовната галерија е отворена изложбата на дела  „Живееме, Танцуваме, Тагуваме“  од уметницата Моника Десоска Каргова.( 6.7 .до 19.7.2018)

Изложбата ја отвори Ана Јосифовска, потенцирајќи дека почетокоците на Моника и се од оваа институција.

- Нејзините дела претставуваат флуидна структура, со колоритна експлозија која го наведува набљудувачот на индивидуален, интимен разговор. Делата не заведуваат со минималистичко претставување на фигурите, кои танцуваат, разговараат и ненаметливо ни ја раскажуваат приказната. Моника Д.К. ја постигнува илузијата на простор, преку играта на бојата притоа не нарушувајќи ја минималната употреба на формата и постигнатата просторна хармонија. Употребата на сегментите на небо, земја, воздух и море создава длабочина која ја потенцира безграничноста, динамиката и енергијата со која се поистоветуваме. Делата се издигнуваат со прочистен ментален простор, мир и хармонија. Ликовниот јазик на Моника Д.К. почива на добро познати ликовни елементи, кои што софистицирано го подржуваат визуелниот говор и нејзиниот личен сензибилитет.

DSCN0296.jpg DSCN0324.jpg DSCN0333.jpg DSCN0295.jpg DSCN0290.jpg

Податоци заМоника Десоска - Каргова

  • Родена 1973 во Прилеп
  • 1997 дипломирала на ФЛУ во Скопје

Награда:

2002 Награда „Љубомир Белогаски“, за успешна изложба за проектот „Простор“ реализиран во 2001 година во Музејот на град Скопје, Скопје

Самостојни изложби:

2018  Живееме, танцуваме, тагуваме...НУ Центар за Култура, Прилеп

2010  Минијатури, НУ Центар за Култура, Прилеп

2009 Светлосна инсталација, Повеќедимензионални

Светови, Мала станица, Скопје

2006  Минијатури, Работилница, Белград, Србија

2004  Видео инсталација, Трчање во круг, Простор 2, Чифте             Амам, Скопје

2003  Видео инсталација, Барајќи го дното, Културен центар, Анталија, Турција

2002  Перформанс, Човек и простор, Музеј  на современата уметност, Скопје

2001  Простор, Музеј на град Скопје, Скопје

1997  Духовен простор, Уметничка галерија, Прилеп

1997  Од лице до простор, Уметничка галерија, Битола

1992  Поглед кон надвор, Дом на култура, Прилеп

Групни изложби:

2018  Чудесните жени од Колекцијата на Националната галерија на     Македонија, Скопје

2017  Годишна изложба ДЛУМ, Мала станица, Скопје

2016  Годишна изложба ДЛУМ, Мала станица, Скопје       

2014  Миниатура, НЛБ Тутунска Банка, Скопје

2013  Миниатура, НЛБ Тутунска Банка, Скопје

2008  Внатре – надвор, Мала станица, Скопје

2007  Стар простор-Нова линија, Културен центар „Магаза“, Битола

2007  Ивано Проект VII, Галерија Винсент од Каства, Пула, Хрватска

2005  7 Биенале на млади уметници, Музеј на современата уметност, Скопје

2004  Добитници на наградата „Љубомир Белогаски“, Музеј на град Скопје, Скопје

2003  6 Биенале на млади уметници, Музеј на современата уметност, Скопје

2002  Големо врамување, Музеј на современата уметност, Скопје

2002  Куќа/Хаос, Културна локација „Место“, Скопје

2001  5 Биенале на млади уметници, Музеј на современата уметност, Скопје

2000  Со љубов за Мајка Тераза, Музеј на град Скопје, Скопје

1998  Млади уметници од Прилеп, Дом на култура, Прилеп

1997  III Студенско интернационално арт биенале (СИАБ), Музеј на град Скопје, Скопје

1997  Изложба на дипломирани студенти, Дом на АРМ, Скопје

1993  Студенска изложба, Дом на АРМ, Скопје                                                                                                                


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

kargova

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Орнаментот како пејзажен знак“од Атанас Атанасоски

Во ликовната галерија уметникот Атанас Атанасоски го реализираше проектот „Орнаментот како пејзажен знак“. (22.6.5.7.2018)

Идејата за реализација на проектот сé надоврзува на претходните изложби/ инстаалции на авторот, во кои концепцијата се темели на монохромијата, минимализмот, математиката – геометријата (лини, форма, структура, боја.) и имаат за цел да ја бараат естетиката на хармонизирање на соживотот помеѓу човекот и природата.
-Проектот нуди можност за пристап кон уметничкото изразување кое поради растечките еколошки и социјални проблеми станува се порелевантно и социјално ангажирано.... Орнаментот во овој проект нема само декокративна функција, туку претставува конститутивен елемент кој ја изгради семиолошката и симболичка структура. Тој ќе се манифестира како „стилистички факт на просторни метафори, откривање на галактички светови. Ритамот на сопствениот тивок криптичен говор, редењето на трновитата вегетација од спектар на структура и колорит, дел по дел, ќе се соединат во една целост, која ќе рефлектира високо софистицирано „текстуално“ ткаење. Различните геометриски барелјефни мотиви, прелеани во својата глобална композицциска структура, низ континуираното ритмичко мултиплицирање во различни насоки ќе го активира динамичниот тек на ликовното дело. Светлината (иако ќе вибрира врз композицијата, со благите прелевања на светло-сенките, уште повеќе ќе ја ритмизираат и динамизираат играта на фасцинации, создавајќи го монументалниот мозаик – вели уметникот Атанасоски.

20180702_202536.jpg 20180702_202423.jpg 20180702_200153.jpg 20180702_200637.jpg 20180702_200226.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела од ДЛУБ
Во ликовниот салон е отворена изложбата на дела од ДЛУБ. ( 29.6. до 13 7. 2018. Претставени се 20 дела од 15 битолски уметници и 4 гости.
На овогодишната изложба учествуваат Александар Поповски, Данчо Ордев, Елена Ѓорѓиевска, Златко Крстевски, Илија Кочовски, Лилјана Петровска, Љубица Мешкова – Солак, Марија Велевска – Анастасовска, Николче Српчански, Oливера Лазаревска – Оља, Панде Петровски, Сандра Котевска и Славица Михаилова.Како гости на иложбата на ДЛУБ се Владимир Стерјовски, Златко Лечковски, Круме Димовски и Слободан Рајчевски.

36366294_2153928487970241_7337136869919948800_n.jpg 36371711_2153928787970211_4848450759248838656_n.jpg 36382812_2153928724636884_3469272228619616256_n.jpg 36063475_2153926771303746_2365849814077276160_n.jpg 36388673_2153928694636887_7026701006041776128_n.jpg 36344297_2153927724636984_8137027138130804736_n.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
Повеќе Артикли...
  • Белиот трофеј
  • Викенд со шпански филм
  • tanec 2018
  • „ПЕЈЗАЖИ НА ДУШАТА“ од Марина Костојчиновска Узунчева
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 6 од 52

Изработено од Бучевски Дејан