Печати

 „Секвенци од создање“ од Андреј Миневски

„Секвенци од создавање“ е тематската изложба од Андреј Миневски, што е отворена во ликовниот салон.(15.12.2017).Изложбата ја отвори уметницата Јулија Манојловска, која посочи дека преку претставувањето го пренесува неговиот творечки потенцијал во ументичкото ателје.

Скулптурите кои ги работи авторот се направени од различни материјали како дрво, пластика, цемент, метал и друго. Сепак, металот е материјал во кој го гледа сопствениот уметнички израз и креативност.

Андреј Миневски завршил Факултетот за ликовна уметност во Скопје, на отсекот вајарство во класата на професорот Исмет Рамиќевиќ.. Овој млад автор досега има реализирано повеќе изложби, а бил дел и од ликовни колонии. Учествувал на Скопје Креатива со скулптура од метал Pteranodon на карпа во 2016 година, на изложбата „ 35 години од формирањето на Факултетот за ликовна уметност“ со дело "Барам" и др. 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.