Печати
Ansambl Teatar 2020 -11
Театарот „Војдан Чернодрински“ на 18 февруари 2021, одбележа 71 година од основањето.
За жал, заради пандемијата од Ковид 19,
вратите на Театарот и на годишнината останаа затворени.
Не светнаа рефлекторите, сцената беше празна
без глумците на кои таа живот им значи.
Завесата беше спуштена!!
Многу ни е жал,
што речиси една година пандемијата на корона вирусот,
која ни создаде нова реалност,
театарот го стави во втор план,
што не оддели од Вас, нашите верни поддржувачи.
Лани многу малку се дружевме со Вас,
АМА ВЕТУВАМЕ
штом се создадат условите
веднаш започнуваме со
РЕДОВЕН РЕПЕРТОАР.
Да бидеме Ние со Вас и Вие со НАС!
Актуелниот Ансамбл на Театарот