Печати


Ликовната колонија „ДРЕН 2008“ по трет пат


 

(1 јули) Ликовни уметници од земјава и странство од први до деветти јули ќе творат во рамките на традиционалната, меѓународна колонија „Дрен 2008“,што Центарот за култура „Марко Цепенков“ со подршка на Министерството за култура на Република Македонија ја организира во живописниот амбиент на манастирскиот комплекс во селото Дрен. Сликари од Македонија, Бугарија и Полска, својот уметнички порив ќе го насочат кон создавање уметнички дела кои трајно ќе го збогатат ликовното депо на Центарот за култура, а истовремено ќе бидат значаен дел од богатата ликовна вредност на земјава. Создадените творби на оваа колонија ќе бидат изложени во и надвор од земјава, а првата изложба планирана е кон крајот на август во НУЦК„Марко Цепенков“.


 

На годинешнава колонија учествуваат: Сергеј Дамовски, Владимир Кнежевиќ, Весна Богоевска, Роберт Пашовски, Радомир Кнежевиќ, Јасминка Новковска, Христина Зафировска, Виолета Танова, Агнешка Сирацка и Тони Чатлески.