Печати

 

Ликовна колонија „Дрен 08” - креативно творештво


 

(9 јули) На третата по ред ликовна колонија што ја организираше НУЦК„Марко Цепенков”, тринаесетте уметници од земјава и странство, создадоја повеќе од триесет ликовни дела. Деветдневната заедничка дружба, далеку од градскиот асфалт, во недопрената природа на манастирот „Св. Илија” во село Дрен беа повеќе од провокација, уметниците да творат и создаваат дела несебично внесувајќи ја во нив својата креативност и импресија. Изложбата на ова креативно творештво на годинешнава ликовна колонија „Дрен 08” пошироката јавност ќе ја има на увид во втората половина на месец август.