Печати

Изложба на дела од колонијата Дрен 2014

Во галеријата од Центарот отворена е изложба на дела од колонијата Дрен 2014. Изложени се 30 слики што ги создадоа 12 уметници, учесници на седмата по ред ликовна колонија Дрен, што се одржа во манастирот "Св.Илија " во Дрен од 27 јуни до 26 јули годинава.

На изложбата претставени се делата од Данчо Ордев, Панде Петровски, Билјана Билбилоска, Валентина Илијевска, Ирина Титиева, Новица Трајковски, Тони Чатлески и Марјан Стојаноски од Македонија и Олга Панкина, Натали Рахлина и Евгениј Северухин од Русија и Билјана Долиќ од Србија.

Со изложбата на колонијата Дрен заврши годинашната манифестација Прилепско културно лето која понуди над 30 настани, концерти, изложби и манифестацијата "Изворен фолклор на балканските народи".


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.