Печати

Ликовна колонија Дрен 2015

Во манастирот Св. Илија во с. Дрен, се одржа осмата ликовна колонија Дрен. 12 уметници - Александра Ацеска, Марјан Стојаноски, Мирјана Бубевска, Сергеј Дамовски, Тони Чатлески и Владимир Кнежевиќ од Македонија, Сречко Здравковиќ, Драгица Алексиќ, Весна Вучичевиќ и Јелена Младеновиќ од Србија, како и Марија М. Крившинко од Русија  и Емине Токмакај од Турција, со уметнички жар на своите платна ги пренесоа впечатоците од Дрен. Сите до еден беа воодушевени од природата, од убавината на манастирот, од организацијата на колонијата.

-  Дрен е вистински рај. Создадов дела кои се дел од македонската традиција. На платната, преку една убава ликовна приказна  ја пренесов историјата за Крали Марко - вели Сречко Здравковиќ од Србија.

 - Многу сум среќна што сум тука. Место созадено само за  уметничко творештво - вели Мирјана Бубевска од Битола.

 - Македонија е многу убава, сончева земја. Воодушевена сум од убавата природа и тоа го пренесов на платното - вели Марија М. Крившинко, која првпат доаѓа во Македонија.

- Многу сум среќна што сум тука. Има посебна енергија за работа - ни изјави Емине Токмакаја од Турција.

Од ЦК,,Марко Цепенков,, велат дека делата создадени на колонијата Дрен ќе бидат изложени во Прилеп на 4 септември на завршницата на традиционалната манифестација Прилепско културно лето.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.