• Дома
  • За Нас
  • Марко Цепенков
  • Email
  • Документи и извештаи
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Седумте архангели“ од Стефан Малбашиќ

Во изложбениот салон синоќа (12.12.2019) беше отворена изложбата на икони „Седумте архангели“ од уметникот Стефан Малбашиќ од Битола.

Малбашиќ за првпат во современиот македонски иконопис креира ваква ликовна интепретација на фигурите на седумте архангелски претстави.
Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар по уметност.
- Малбашиќ создава автентична артистичка визија и соодветна ликовна интепретација, продолжувајќи ја зоографската традиција и мисија на византиските средновековни иконописци-рече Димеска, потенцирајќи дека во суштина архангелите во небесната хиерарија ја заземаат највисоката позиција, покрај тронот на Бог, спроведувајќи ги божјите закони, борејќи се против седумте смртни гревови и сочувувајќи ги душите за седумте божји дарови на светиот Дух.

malbasic1.jpg malbasic6.jpg malbasic5.jpg malbasic2.jpg malbasic4.jpg malbasic3.jpg

 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share
sole2019Изложба „Музички орнаменти“ од Емил Солески
отворање 13.12.- 19.30 часот ликовен салон
 
PDF Печати Е-пошта
Share
ikona2019Изложба „Седумте архангели“ од Стефан Малбашиќ
отворање на 12.12.2019 - 19.30 часот во изложбен салон 
 
PDF Печати Е-пошта
Share

РЕПЕРТОАР ЗА ПРЕТСТАВИ НА ТЕАТАРОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ – ПРИЛЕП 

ДЕН МЕСЕЦ ЧАС ПРЕТСТАВА

11.12.2019 СРЕДА

18.00Ч.

ПИРЕЈ

12.12.2019 ЧЕТВРТОК

18.00 Ч.

ПИРЕЈ

13.12.2019 ПЕТОК

18.00 Ч

НИШТО БЕЗ ТРИФОЛИО

14.12.2019 САБОТА

19.30 Ч.

ГЛЕМБАЕВИ

15.12.2019 НЕДЕЛА

12.00Ч.

ПРИКАЗНИ ЗА ВЕТРОТ И МЕСЕЧИНАТА претстава за деца

Влезници на 076 442 378

 
PDF Печати Е-пошта
Share
Премиера на 8.12.2019 во 12.00 часот во театар „Војдан Чернодрински“
Mala rezolucija poster
Влезници на 076 442 378
Дечиња, 
повелете Ве очекуваме!
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Поеми“ од Соња Димовска

Тематската изложба „Поеми“ (графики на платно) од Соња Димовска е отворена во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ (29.11 – 12.11.2019).

.На отворањето зборуваше Викторија Димеска, историчар на уметноста, која посочи дека графичките цртежи на авторката изобилуваат со лиричен сензибилитет.

- Станува збор за принтови на коишто се претставени растителни мотиви, односно делови од растенија, нивните цветови, гранчиња, листови и корени. Едноставниот и нежен израз на линијата, ја засилува лиричната и интимна нота на цртежот. Отисоците наликуваат на сенки и полусенки на разновидни растенија, доследно и прецизно претставувајќи ги нивните детали. Инспирирана и фасцинирана од источната (кинеска и јапонска) графика и сликарство, уметницата креира лирични и едноставни графички решенија, коишто целосно го абсорбираат вниманието на посетителот, воведувајќи го во една имагинативна и фантастична реалност - рече Димовска на отворањето на изложбата.

Уметницата Соња Димовска дипломирала на ФЛУ - Скопје на графичкиот оддел, исто магистрирала на овој факултет, член е на ДЛУМ од 2000 година и досега реализирала повеќе од 70 интернационални графички изложби во земјата и странство.

79165780_577773936304559_8784398852758175744_n.jpg 77049215_2557432487820509_1989560908866650112_n.jpg 78452405_795151620928545_3150066629933531136_n.jpg 0012 SukA detalj.jpg1.jpg 78753054_431087297557921_8608160255655804928_n.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

koncertoboa

 
PDF Печати Е-пошта
Share
Изложба од Соња Димовска
ликовна галерија 
петок 29.11.2019 - 13.00 часот
internet
 
PDF Печати Е-пошта
Share

11- та ликовна колонија Дрен 2019

Во ликовното ателје на Центарот од 20 до 24 ноември 2019 се одржа 11-та ликовната колонија Дрен 2019, на која учествуваа на уметници од нашиот град, членови на ДЛУП.

На заедничката дружба творат Александар Џинго, Драган Верговски Алпи, Бојана А. Трпческа, Верче Николоска, Васил Костов, Тони Чатлески, Атанас Атанасоски, Давид Атанасоски, Дарко Талески,Методи Исков, Марјан Стојаноски. И Марта Макеска

Колонијата, по едногодишна пауза, се реализираше со поддршка на Министерството за култура, а новосоздадените дела се дел од наследството на ЦК„Марко Цепенков“, кој има завидна колекција на уметнички дела од претходните колонии.

77340761_3201452419896085_2841734561296023552_n.jpg 75453456_987436624955734_5600212040552546304_n.jpgg.jpg 75513447_544873963002829_8867025429303656448_n.jpg 78240949_2555570334523421_7444329770340319232_n.jpg 76645596_2555571384523316_2482016228323885056_n.jpg 78271084_2557603374320117_8727383428191748096_n.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Одбележани 40 години Центар за култура „Марко Цепенков“

Со концертот „Од Нас за Вас“ на 14.11.2019 во преполната голема сала беа одбележани 40 години од формирањето на Домот на културата „Марко Цепенков“, односно Центарот. На прославата присуствуваше и заменик министерот за култура г. Владимир Лазовски.

На концертот настапија танцовото студио Зодијак, пејачите Ана Митоска, Илија Белистојаноски и Катерина Попоска, театарот Чин 4 Сцена 5 изведе извадоци од две претстави, а се претставија октетот Прилеп, КУД „Моминок“ и „ DOUBLE STRINGS “.

Беше потсетено дека на 14 ноември 1979 година бил отворен Домот на културата, а првата претстава што била изведена била „Факел“ од Коце Солунски.

-Тешко е да се сублимираат сите активности - концерти, претстави, изложби, промоции.. што се реализирале во институцијата низ годините, но сега ЦК„Марко Цепенков“ e вистински репрезент на културата и уметноста, не само во градот и во Македонија, туку и пошироко – велат од ЦК„Марко Цепенков“.

По повод годишнината во изложбениот салон беше поставена рестроспективна изложба на дела од колонијата Дрен.

DSC_1065.jpg DSC_1188.jpg 69878694_575697056538872_9150404141678329856_n.jpg1.jpg ELS_0133.jpg DSC_1230.jpg DSC_1014.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
Повеќе Артикли...
  • 21
  • Изложба „Фрагменти“ од Жарко Башески
  • base
  • ВРБА
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 8 од 67

Изработено од Бучевски Дејан