• Дома
  • За Нас
  • Марко Цепенков
  • Email
  • Документи и извештаи
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Информација за изложба на дела од Кичевската колонија

Во изложбениот салон на ЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп од денеска па до 25 септември 2019г., е поставена изложба на дела од 25-тата Интернационална Кичевска ликовна колонија. На изложбата се поставени 20 дела од македонски и странски автори, учесници на колонијата, еминентни ликовни уметници, академици и професори кои твореле во прекрасниот амбиент во Куќата на Уметноста во с. Кнежино-Кичево.

Делата се изработени во различна техники, акрил на платно, масло на платно, комбинирана техника, графики и фотографии на изработените скулптури.
Кичевската колонија се одржува 25 години во континуитет и во нејзини рамки од 1994 до 2018 година во креативна творечка и релаксирана атмосфера во хотелот “Куќа на уметноста, авторите создале над 1300 уметнички дела, а во депото во Куќата на уметноста има над 900 дела од светски познати мајстори.

Посетителите ќе можат да видат различни индивидуални светови и пристапи при утврдување на ликовните образци. Секој од овие творци, преку изборот на својот личен ликовен говор ја живее стварноста во конкретниот миг, различна за секој од уметниците. Уметноста во овој случај делува како обединувач, ја гради целината, ги надополнува етничките, географските, временските разлики.

70379098_451637222229260_5548710129928503296_n.jpg 70309246_1033612853697225_5717525455880323072_n.jpg 71307246_438965460248418_3077128228297506816_n.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

2019opera

 
PDF Печати Е-пошта
Share

АРАПСКА НОЌ  НА МОТ

повеќе инфо. на линкот:

http://www.mot.mk/2019/pr/arapska-nok/?fbclid=IwAR2xyOmVWAHqR-5x0Szqpz06P4NYnAgc-deK-HtIR7tUT_Lka9uMMS1s0Ws

 
PDF Печати Е-пошта
Share

plakat oktet Prilep2019

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Состојби“ од Александар Станкоски

Во ликовната галерија е отворена изложбата на слики „Состојби“ од уметникот Александар Станкоски. (13.09.2019 – 26.9.2019)

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека творештвото на Станкоски се одликува со динамичен цртеж, робусна контура на фигурата и експресивна чиста боја со изразена јасност и моќност.
- Динамичната линија и експресивноста на бојата, како и пародискиот и ироничниот призвук претставуваат основно изразно средство на уметникот при наративното конституирање на композицијата. Меѓутоа, идејата е таа која што претходи во креативниот творечки процес на Станкоски. Па оттука, неговото творештво често се карактеризира и дефинира истовремено како експресионистичко и апстрактно. Во суштина, при процесот на креација и создавање на уметничкото дело, уметникот тргнува од идејата, барајќи соодветни средства и медиуми преку кои најверодостојно ќе ја транспонира. Во творечкиот опус можат да се воочат комбинирани разновидни стилови и елементи, кои имаат функција да го пренесат примарното сфаќање и обликување на определената содржина - стрипот, карикатурата, графитот, цртежот, илустрацијата, фотографијата - посочи Димеска на отворањето на изложбата на дела од Станкоски.

Станкоски има реализирано бројни самостојни изложби во земјата и во странство, перформанси, а оставрил и студиски престои во во Њујорк, Чикаго и Сан Франциско.

70494050_2414751518605304_8480326704483532800_o.jpg 69838500_2414750978605358_7583364707889709056_o.jpg 71077650_419105992297015_7825401813124775936_n.jpg 69989010_2414751408605315_7347582041405259776_o.jpg 69868110_360172904891011_1209558125942669312_n.jpg 69941624_2414750855272037_3155403710914363392_o.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share
Нова награда за театарот „Војдан Чернодрински“ на ФКТ „Ристо Шишков“
Награда на НЕТА за севкупно уметничко остварување за претставата „Семејни приказни“ во режија на Милош Б. Андоновски.
Честитки за актерите ЈАСМИНА МИЦОВСКА СТАНКОСКА,
ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ, КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА КЛИНЧЕСКА и ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ и за екипата
71008051_651428185352255_8215558811251900416_n.jpg 70356946_10215160335026583_2958678648091049984_n.jpg IMG_8902.jpg

AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

semejni2019

jazz2019

balet2019

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Форми во црно“ од Мице Јанкуловски

Во ликовната галерија на НУЦК„ Марко Цепенков“ во Прилеп е отворена изложбата ”Формивоцрно” на авторот Мице Јанкуловски (30.8.- 10.9.2019). Куратор е КорнелијаКонеска

69410465_2390732534340536_4504700650826760192_o.jpg 69504970_2390733217673801_728092322125840384_o.jpg 69504970_2390733217673801_728092322125840384_o.jpg1.jpg 69504970_2390733217673801_728092322125840384_o.jpg2.jpg 69051180_2390734461007010_5313835681523433472_o.jpg

Изложени се 50 слики, акрилнаплатнооднајноватапродукцијанаМицеЈанкуловски „ -Форма 3“ која епрепознаена какоисклучителнаодстрананапрофесионалнатајавноствосветот, заштозборуваат и последнитенагради:

„ЛоренцоИлМагнифико“ Наградазаживотноостварувањена Биеналето Фиренца 2019, Италија, Наградата „Уметникнасветот“ на Биеналето Ларнака 2018, Кипар

„Гранпри“ наМеѓународнотобиеналезаграфикаВарна 2017, Бугарија ... и многудруги ...

На отворањето на изложбата говореа кураторот Корнелија Конеска и Владо Бороевиќ, при што беше потенцирано дека делатаодоваафазанаМицеЈанкуловскисекарактеризираатсо:

Монохромност – заштосенасликанисамосоеднабоја – црна
Модуларност – затоаштодимензиитесеобмислени и секогашвоодреденодноседнасодруга

Мултипликација – затоаштосликитесемултиплицираат и такасоздаваатновидела

Минимализам – заштоделата, концептот и смисолотсепостигнатисоминималниелеманти / што е најтешко да се постигне, но сликитесерезултатна 50 годишноуметничкотворештво!

Оваа, 2019 година, МицеЈанкуловскиодбележува 50 годиниуметничкотворештво и докрајотнагодината, освен во Македонија ќеимасамостојниизложбивоТорино, Италија; Ст. Петерсбург, Русија и Солун, Грција – изложбасоделаодПикасо.

 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба - 50ГОДИНИ СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ СКОПЈЕ 1969 – 2019

Во изложбен салон е отворена изложбата 50 години Светска галерија на карикатура Скопје 1969 - 2019. Изложбата се состои од 50 карикатури – добитници на највисоката награда на секоја од 50-те изданија на Светската галерија на карикатури Скопје од 1969 – 2019.

Повеќе за Светската галерија на карикатури

Кога ќе се спомене ОСТЕН – најпрвин се мисли на карикатурата.., и со право!

Скопје, град со релативно скромни традиции во карикатурата, благодарејќи на професионалното организационо обликување на Светската галерија на карикатури од страна на членовите на Редакцијата на македонскиот хумористично-сатиричен весник „Остен“, од 1969 година прераснува во град-мека на светската карикатура и тоа трае веќе 50 години!

ОСТЕН и денес го прави она што отсекогаш го правел и ќе го прави, а се содржи во значењето на неговото име – ги боцка и ги пецка, односно ги провоцира, ги предизвикува, ги мотивира, ги стимулира своите соработници, уметноста, културата, публиката, општеството... и придонесува работите да одат напред!По 50 години постоење, преку Светската галерија на карикатури, ОСТЕН ќе продолжи да создава услови за да можат карикатуристите од цел свет на мира да стрелаат со своите мирнодопски куршуми сочинети од елементи на политика, уметност, хумор и сатира – точно во центарот на сите сомнителни и проблематични точки на светот во кој живееме – вели Корнелија Конеска.

69306367_2390751891005267_7617532134802063360_o.jpg 69286151_2390751767671946_4377992054668525568_o.jpg 69457437_2390751837671939_799347513193660416_o.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
Повеќе Артикли...
  • osten
  • мице јанкулоски
  • Дримокол и Долче
  • ПРИЛЕПСКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2019
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 10 од 67

Изработено од Бучевски Дејан