Печати

Изложба „Поеми“ од Соња Димовска

Тематската изложба „Поеми“ (графики на платно) од Соња Димовска е отворена во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ (29.11 – 12.11.2019).

.На отворањето зборуваше Викторија Димеска, историчар на уметноста, која посочи дека графичките цртежи на авторката изобилуваат со лиричен сензибилитет.

- Станува збор за принтови на коишто се претставени растителни мотиви, односно делови од растенија, нивните цветови, гранчиња, листови и корени. Едноставниот и нежен израз на линијата, ја засилува лиричната и интимна нота на цртежот. Отисоците наликуваат на сенки и полусенки на разновидни растенија, доследно и прецизно претставувајќи ги нивните детали. Инспирирана и фасцинирана од источната (кинеска и јапонска) графика и сликарство, уметницата креира лирични и едноставни графички решенија, коишто целосно го абсорбираат вниманието на посетителот, воведувајќи го во една имагинативна и фантастична реалност - рече Димовска на отворањето на изложбата.

Уметницата Соња Димовска дипломирала на ФЛУ - Скопје на графичкиот оддел, исто магистрирала на овој факултет, член е на ДЛУМ од 2000 година и досега реализирала повеќе од 70 интернационални графички изложби во земјата и странство.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.