Печати

ИЗЛОЖБА „ВИЗИИ ОД ДЕТСТВОТО“ ОД ГОРАН БОЕВ

Според сите протоколи за заштита и превенција од корона вирус, во ликовната галерија е отворена изложбата на слики „Визии од детството“ од уметникот Горан Боев. (17.07.2020 – 30.07.2020). Уметникот се претставува со над 20 слики на кои тема е детето, цвеќето и др. фигури кои го аосцираат на детството.

Изложбата ја отвори уметникот Владимир Темков, кој потенцираше дека Боев има сензибилно и креативно творештво и дека тој е претставник на една нова генерација која донесува нови текови во уметноста.
Авторот вели дека делата се портрет на едно минато време, на неговото детство.

Боев е уметник од Кавадарци. Завршил ДЛУ и магистерски студии во Скопје. Работи како наставник по ликовно во Кавадарци.Слика и црковен живопис и иконографија. Досега има десетина самостојни и повеќе групни изложби во земјава и во странство.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.