Печати

ПО СЕДМИ ПАТ ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „ЈОРДАН ЗАЗОСКИ ЗАЗО“

Во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ е отворена изложбата на фотографии „Јордан Зазоски – Зазо“ што ја реализира Фото кино клубот Прилеп. Изложбата е традиционалална поставка која годинава се реализира по седми пат.

На изложбата се изложени над 6о фотографии, дела кои покажуваат во кој правец одат заложбите на клубот во полето на уметничката фотографија во нашиот град, и колкав е напредокот во изминатата година.

Изложбата се одржа спрема протоколите за одржување на културни настани -  во еден момент можеа да ја погледаат до 20 посетители кои носеа маски, а претходно ќе им беше мерена температура и ги дезинфицираа рацете.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.