Печати

Изложба на слики од Драган Најденовски

„Ликовни предели“ е тематската изложба отворена во ликовната галерија од Центарот, ( 7.8.- 221.8.2020) на која со дела се претставува македонскиот уметник Драган Најденовски.

Според писателот Панде Манојлов, со своите најнови ликовни дела работени во масло на платно, молив на хартија, пастели или оние маслени пастели комбинирани со молив на хартија, од неговиот циклус од „Ливадата на музите“, во неговите „Предели“ создава нешто исклучително уметнички вредно... Неговите слики на уверлив начин сами од себе зборуваат дека знаат да светат и кога сонцето се помрачува во ликовната татковина на уметникот.

- Симболично и модерно е ликовното творештво на Драган Најденовски. Секоја негова слика е светлина и реална но и далеку поапстракна што зрачи и осветлува скриени ликовни простори од ова поднебје. Тие се прекрасни предели во замислената иреална “Ливада на музите“, бајковито насликани со филозофско-фантастичен набој со магичен и метафоричен ликоен израз силно и цврсто потпрени на имагинацијата на авторот. Поетизам, лиризам, естетизам, складност на бои, се е збрано во овие слики од најновото ликовно творештво на Драган Најденовски презентирани на изложбата. И сето тоа зборува за неговите уметнички вредности, за неговиот ликовен стил и израз, автетичен и препознатлив вели Манојлов.

ДРАГАН НАЈДЕНОВСКИ е самостоен ликовен уметник, член на ДЛУМ и ДЛУБ, со

над 40 самостојни изложви, учесник на многу групни изложби и графички манифестации во Македонија и светот....на многу домашни и меѓународни ликовни колонии -добитник на вредни награди.....

2017 награда на град БИТОЛА-4 НОЕМВРИ ЗА УМЕТНОСТ

 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.