Печати

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД РОБЕРТ ЈАНКУЛОСКИ

Во ликовната галерија (11.9.-24.9.2020), според сите протоколи за заштита, отворена е изложбата “Инстант семејства-мултипликација на љубовта” од Роберт Јанкулоски во која авторот го истражува актуелниот општествен контекст на Скопје, градот во кој живее и работи, а кој е пример, а воедно и жртва на последиците од распадот на поранешната држава.
Преку фотографијата го прикажал скопскиот јавен простор во кој одредени објекти и згради изгледаат како макети, компјутерски вметнати во композицијата, со лажни привремени фасади. Ги искористил и манипулативните можности на новите технологии во фотографијата и методот на инсценирање сместувајќи луѓе во туѓ амбиент.

Интересни фотографии кои се предизвик за јавноста.

Роберт Јанкулоски, кој живее и работи во Скопје, дипломирал на ФДУ – Скопје, отсек камера во 1996 година. Магистирал на ЕСРА и основач на Македонскиот центар за фотографија. Реализирал 36 самостојни изложби и учествувал на голем број групни, во земјата и во светот. Добитник е на неколку награди од областана визуелните уметности и филмот и носител на титулата Витез од областа на уметноста и книжевноста, доделен од Министерството за култура на Франција. Работи како професор и декан на ФФУ при при универзитетот “Еуропа Прима” во Скопје.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.