Печати

Изложба „Без наслов“ од Касиопеја Наумоска

Во Ликовната галерија е поставена изложбата на слики „Без наслов“ од уметницата Касиопеја Наумоска, која ќе се претставува со 20 дела. (20.10 до 2.11.2020)

Биографија

Касиопеја Наумоска од 2016г. - Магистер по Студии на култура, а 1993г.- Дипломира на ФЛУ во Скопје.Има повеќе самостостојни и групни изложби во и вон Македонија, и повеќе награди.

Д-р Васко Шутаров за уметноста на Наумоска ќе забележи - ... „Зошто ја сакам Каси и нејзината уметност. Има многу “и” за тоа. И-со голема буква. Искреноста во нејзиниот пристап кон уметноста што ја твори. Играта со која владее совршено. Играта на детето во неа, со строгиот Учител над неа. Играта на освоените слободи и заробените страсти во нив. Играта на темното и светлото, на машкиот и женскиот принцип, на рационалното и ирационалното. Интегритетот на сите тие крајности, од кои пресоздава складна композиција. Импулсивноста во играта на линии и форми. Импресивноста со која ја облагородува сопствената експресија и провоцира трајни импресии кај својата публика. Изненадувањата, кога без посебна најава од византиски и шекспировски опскурни амбиенти прегрнати во пурпур, нè пренесува во осветлен раскош од пејзажни амбиенти. Во бои на кои ни небото прегрнато во индиго не им претставува лимит. За Исклучителноста како уметник и ликовен педагог. Како човек, мајка и другариште. За Инспиративноста со која ги дарува сите љубители, не само на ликовната уметност. Бидејќи нејзината уметност и не е само ликовна. И уште многу други И, за многу други добри прилики. А за Прилеп и нејзината трајна љубов поврзана со него, доволно е да се фрли летимичен поглед на бројните изложби во серијалот изложби кои низ годиниве на градење препознатлив имиџ и статус на голем сликар, токму овде во овој град ги има релизирано. Тоа се трајни нишки на една силна емоција и конекција. Меѓу Градот и Касиопеја. Уште што и посакувам? Да дочека многу повеќе спокојни времиња за себе и своите сакани. И посебно добри и спокојни времиња за нејзината прва љубов-сликарството. Да го преоткрива и во годините на зрело доба, она што публиката и го очекува од неа. Она што Оља го нарекуваше, вечност во сегашноста. И да ни го предава нам и на новиве генерации, оној допир од божествениот талент со кој привилегирано токму таа била дарувана. Родениот Уметник. Касиопеја Наумоска.“.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.