Печати

novogodisna cestitka Cepenkov

 

На крајот сме од 2021 година. Измина уште една година полна со неизвесност заради пандемијата од ковид 19.  Како Центар, во целост ги почитувавме протоколите за заштита од ковид 19 при реализација на настаните.  

И благодариме  на нашата  бројна публика која присуствуваше на нашите проекти.

Имавме доста успешна година, реализирајќи околу 150 настани, премиери на претстави, концерти, изложби, промоции на книги, проекции и редовни  претстави на театарскиот репертоар.

Традиционално ја одржавме ликовната колонија Дрен 2021 и нашата институција беше поддржувач на манифестации од широк јавен интерес,

Очекуваме поубава и посреќна Нова 2022 година.

Со многу повеќе настани,

поголемо Ваше присуство на настаните,

 подобри услови за работа.

Да бидеме повеќе со Вас почитувани пријатели и  заеднички да остваруваме

за подобро УТРЕ на културата и уметноста во градот!