Печати

Одбележани 40 години Центар за култура „Марко Цепенков“

Со концертот „Од Нас за Вас“ на 14.11.2019 во преполната голема сала беа одбележани 40 години од формирањето на Домот на културата „Марко Цепенков“, односно Центарот. На прославата присуствуваше и заменик министерот за култура г. Владимир Лазовски.

На концертот настапија танцовото студио Зодијак, пејачите Ана Митоска, Илија Белистојаноски и Катерина Попоска, театарот Чин 4 Сцена 5 изведе извадоци од две претстави, а се претставија октетот Прилеп, КУД „Моминок“ и „ DOUBLE STRINGS “.

Беше потсетено дека на 14 ноември 1979 година бил отворен Домот на културата, а првата претстава што била изведена била „Факел“ од Коце Солунски.

-Тешко е да се сублимираат сите активности - концерти, претстави, изложби, промоции.. што се реализирале во институцијата низ годините, но сега ЦК„Марко Цепенков“ e вистински репрезент на културата и уметноста, не само во градот и во Македонија, туку и пошироко – велат од ЦК„Марко Цепенков“.

По повод годишнината во изложбениот салон беше поставена рестроспективна изложба на дела од колонијата Дрен.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.