Печати

Medena Zemja Prilep 2020

Погледнете го „Медена земја“ првиот документарец во историјата на Оскарите кој покрај тоа што е номиниран во категоријата за надобар документарец е номиниран и за златната статуетка за најдобар странски филм.

Кино Мис Стон

5.02 2020 ( среда) - 19.00 ч.

6.02.2020 (четврток) - 19.00 ч.

7.02.2020 (петок) - 19.00 ч.

влезници 100 денари на билетарницата од киното од 17.00 до 19.00 часот

Ве очекуваме!

 „Медена земја“ е документарец кој прв пат во светската филмска кинематографија добива две номинации во иста година за наградите на Академијата. Исто така филмот деновиве ја доби и најважната награда за кинематографија ASC од американската асоцијација на кинаметографери. 

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“
По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но,
кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!

Времетраење 85 мин.
Режисери:
Љубомир Стефанов
Тамара Котевска:
Протагонисти:
Атиџе Муратова
Назифе Муратова
Хусеин Сем
Љутвие Сем
Музафер Сем
Жанр:
Документарен