• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2023
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021
  • Ликовна колонија Дрен 2022
  • Ликовна колонија Дрен 2023

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Псалми“ од Венко Цветков

Во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“отворена е изложбата „Псалми“ од Венко Цветков. ( 22.09.-10.10.2023). Изложбата се реализира со подршка на Министерството за култура и е во годишната програма за работа на Центарот.

Цветков пред прилепчани се претставува со дела кои се базираат на постмодерен синтетички ликовен слог при што тој зема примери од сликарството на германскиот сликар Сигмар Полке.

-Синтезата ја структуира така што во визуелниот контекст вклучува елементи од средновековното македонско сликарство. Полето на неговиот интерес е концептот на христијанството во кое нема конфликт помеѓу популарната култура и духовното размислување. Делата на Цветков се повикуваат на иконографијата на православното сликарство како и псалмите од светото писмо, а тоа е интерпретирано во потполно нов духовен, односно мистичен начин - вели м-р Матеј Мтетликовиќ, академски сликар.

20230922_141034.jpg 20230922_140945.jpg 20230922_193541.jpg 20230922_193358.jpg 20230922_194851.jpg 20230922_141042.jpg

Цветков со изложбата израснува во „праведник на формите отелотворени од библиската поетика“ и со својот раскошен талент создава предизвик за секој познавач на средновековната ликовна практика, видлива во социјативните насоки на неговата творечка визија. Тестамент за безвременската убавина на византоликите колоратури, изложбата на Венко Цветков самата по себе е стихувана панорама на визуелни парадигми инспирирани од мегапотентниот вруток на библиските епови – вели проф. д-р Елизабета Димитрова.

Венко Цветков завршил Виша педагошка академија во Скопје во 1976 година кај проф. Спасе Куноски. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана во 1984 година кај. проф. Киар Мешко. По завршувањето на студиите во Љубљана се враќа во Македонија и работи како реставратор на средновековно сликарство и истовремено активно твори во областа на современото сликарство. По 2007 година работи како професор во СУ „Лазар Личеноски“ од каде во 2022 година заминува во пензија. Покрај самостојното ументичко творештво интензивно работи и на отсликување на православни храмови во Македонија


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела од членови на ДЛУП

Во Ликовната галерија е отворена изложбата  "Креации од ноќта-уметност инспирирана од соништата" на 15 уметници - членови на ДЛУП.. (1 до 15.09.2023).

20230901_194136.jpg 20230901_195558.jpg 20230901_194718.jpg 20230901_192627.jpg 20230901_192715.jpg 20230901_194839.jpg

Со дела се претставуваат Анита Сотироска, Бојана А.Трпческа, Ферди Булут, Александар Џинго, Методија Исков, Лепа Милошевска, Маја Р.Миладиновски, Дарко Талески, Елена Димоска, Верче Николоска, Александра Богоеска, Викторија Димеска, Филип Јовески, Марта Макеска и Емил Солески.

Изложбата ја отвори  Викторија Димеска, историчар на уметност, која истакна дека симболиката на сонот служела за одгатнување на психичката активност на потсвеста и начинот на којашто влијаела врз однесувањето на поединецот во секојдневието. 

-Особен предизвик и инспирација за група современи уметници, односно членови на ДЛУП Прилеп е токму сонот. Имајќи ги во предвид нивните основни концепти и принципи, уметниците/учесници создадоа дела од сопствениот уметнички афинитет и со помош на разни техники и материјали - рече Димеска.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба - инсталација од Јован Наумоски
Во Ликовната галерија отворена е изложбата- инсталација
"Метаморфози на просторноста" од уметникот Јован Наумоски, кој вели дека просторот е димензија во која што човекот се движи, работи.
-Воведувањето на оптичка илузија на двојна перспектива е само еден дел од проблемот со кој се занимавам преку моите објекти низ кои ја претставувам повеќедимензионалноста, раслоеноста и преобразбата на просторноста, при што секој елемент е дел од една мозаична целина, но истовремено води кон различна перцепција на "другата просторност" на сосема поразличен начин комбинирајќи ги со другите, така сочинувајќи повеќе паралелни нарации во рамките на решението - вели авторот.
Јован Наумоски досега има реализирано повеќе самостојни и групни изложби.

357580770_6347560488657701_4299002414304243779_n.jpg 358455393_6347560235324393_2960052144539906211_n.jpg 357715551_6347563008657449_4107888088809146669_n.jpg 358372515_6347562778657472_5107555354034564490_n.jpg 358044964_6347560025324414_1402974984293971856_n.jpg 358378984_6347560948657655_2848058818354340629_n.jpg

Неговиот опус во творештвото е разновиден.
Дејствува на повеќе полиња на уметноста, во графиката сликарството, скулптурата, фотографијата, дизајнот.
Моментно е активен на полето на графичкиот дизајн и визуелните уметности.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ - Прилеп,отворена е изложбата „Вилина во простор“ од уметницата Маја Танева. (20.06. до 5.07.2023).

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, исотричар на уметност која посочи  „Танева скулпторски раскажува слободна лирична наративност со дијагонално извиени и динамични асоцијативни апстракции. Впечатливиот треперлив контраст во текстурата на формата е постигнат со таинствен ткаеж на јажињата внимателно создадени во преплети со различна густина – на одредени места таа е збиена, додека на други густината на преплетот е разредена. Моделираните мрежести асоцијативни облици излегуваат надвор од рамките на дрвените рабови на ѕидните инсталации и формираат илузија на динамичност. Апстрахираните облици коишто асоцираат на вилински претстави доминираат во севкупниот наратив на преплетените интервенции. Заробени во магична мигновеност, загадочните растреперени вилински структури егзистираат во имагинарен артифициелен свет пленејќи со својата лиричност, чудесност и моќност.“

Маја Танева е линеарен уметник, скулптор - создава скулптури, инсталации и слики со фокус и манипулација на линијата како единка и група. Скулптурите и инсталациите ги создава со индустриски челични јажиња - сајли, кои во тешката индустрија се наменети како опрема за подигнување. Ова и е 12 самостојна изложба. Член е на ДЛУМ.

20230620_192452.jpg 20230620_185635.jpg 20230620_185648.jpg 20230620_185830.jpg 20230620_191909.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „ДОЗВОЛИ ДА ЛЕТНЕ КО’ПИЛЕ“ од Сокол Марковски

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“отворена еосмата самостојна изложба на Сокол Марковски„Дозволи да летне ко’пиле 2“. ( 7 – 27.04.2023).

На изложбата претставени се 30 - тина дела, изработени во периодот на 2022 година во техниките масло на платно, масло на плексиглас и комбинирана техника и дигитален принт на хартија.

Изложбата „Дозволи да летне ко’пиле“ на Сокол Марковски се однесува на невидливоста на одредени категории лица, во конкретниот случај напуштените деца, (п)оставени на маргините на општеството во кое уште од најраната возраст се соочуваат со различни видови дискриминација. Маргинализираните групи деца вообичаено се оние на кои поради неможноста да растат и да се развиваат во сопствено семејство, повеќе или помалку, им е ускратена пристапноста до социјалните, економските, политичките и културните права. Предрасудите и стереотипите, кои сè уште (изразено) постојат во нашето општество, претставуваат длабоко социјална проблематика и најчесто овие деца се третираат како речиси невидливи во општеството, односно се избегнувани како безлични ентитети со различен вид омаловажувачко етикетирање.

Портретите, кои авторот, како тематска определба ги усовршува подолг период, се средство за најексплицитна и најдиректна форма за соочување со ликот и страдањето на Другиот, со „копилињата“ кои, иронично, општествено треба да се безлични. Предимензионираноста е тенденциозна заради постигнување нивна поголема видливост, наспроти посочените наметнати невидливи позиции, при што се претставени интимните психолошки состојби. Преку црно/белата палета дополнително се алудира на дуализмите како што се: темнина/светлост, позитивно/негативно, припадност/неприпадност, видливост/невидливост, појавност/внатрешност, полно/празно... Притоа, се манифестира одреден вид деконструкција на повеќеслојните ликови.....

20230407_191052.jpg 20230407_192319.jpg 20230407_192249.jpg 20230407_192240.jpg 20230407_191136.jpg

Сокол Марковски дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Факултет за ликовни уметности, педагошки отсек, насока сликарство, во класата на проф. Јован Шумковски во 2018 година. Реализирал повеќе самостојни изложби во земјава и во странство.

 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на слики од Кирил Гегоски

Во Ликовната галерија е отворена изложбата на слики "Моите соништа на монументалните платна" од нашиот уметник Кирил Гегоски - Гегата.

Уметникот се претставува со две големи платна и повеќе студии акрил на платно создавајќи кохерентна ликовна целина.

20221223_192432.jpg 20221223_190604.jpg 20221223_191926.jpg 20221223_200827.jpg 20221223_190552.jpg 20221223_192532.jpg 20221223_200733.jpg

Според Викторија Димеска, историчар на уметност, Гегоски создал нови апстрактно асоцијативни конотациии донесува нова концептуална свежина.

- Со промислено и внимателно распоредување на асиметричните форми уметникот создал хармонични и обединети композиции. Вметнувајќи ги кривите и динамични линии ја разигрува конструкцијата и ги дефинира асоцијативните форми.

Со вибрантната колоритна звучност и тонската одѕвонувачка чистина Гегоски го поедноставил сложениот катактер на материјата и ја усовршил функцијата на бојата - рече на отворањето на изложбата Викторија Димеска.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Дела од колонијата Дрен во Неготино

319708256 431389709065432 3125792067866177090 n

Осумнаесет слики од 15 автори, создавани на ликовната колонија Дрен низ годините се изложени во салонот од Музејот на Неготино. Изложбата на делата од колонијата, што ја реализира ЦК „Марко Цепенков“веќе 14 години, е во рамките на добрата соработка што Центарот ја има со Музејот од Неготино и е поддржана од Министерството за култура.

Љубителите на ликовната уметност од Неготино од 14 декември до крајот на годината ќе имаат можност да проследат извонредни дела создавани од уметниците учесници на колонијата, меѓу кои Џигдем Ѓуллу, Ангел Коруновски, Марјан Стојаноски, Александра Димитрова,Тони Чатлески, Драган Најденовски, Верче Николоска.....

318235893 914130969955261 5486413383536784700 n

319830222 836432894290263 2426332723221003646 n

 
PDF Печати Е-пошта
Share

ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД КОЛОНИЈАТА ДРЕН 2022

Во ликовната галерија отворена е изложбата на дела од 14 –та колонија Марко Цепенков Дрен 2022, што Центарот ја реализираше од крајот на јуни до почетокот на јули. Изложени се шест скултури и 30-тина слики што во еднонеделната дружба ги создадоа 22 уметници учесници на колонијата.

Прилепските љубители на ликовната уметност до средината ан декември ќе ги проследат делата од Мирослав Живковиќ од Србија, Стефан Анчевски, Бане Наумоски, Росица Лазеска, Олгица Антовска, Богданка Барутовска – Бони, Филип Јовески, Бојана А. Трпчевска, Ибрахим Беди, Дамјан Ѓуров, Елена Ѓурова, Слободан Милошески, Филип Перески, Марјан Стојаноски, Павлина Илијеска, Верче Николоска, Методи Исков, Александра Богоеска, Викторија Димеска, Александар Џинго, Сарита Конеска, Славчо Павлески....

Ликовната колонија „Дрен 2022“ се одржа со финансиска поддршка на Министерството за култура.

20221125_184923.jpg 20221125_184859.jpg 20221125_184913.jpg 20221125_185118.jpg 20221125_193018.jpg 1.jpg 20221125_184942.jpg 20221125_184909.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Имагинарен простор“ од Верче Николоска

„Имагинарен простор„ е тематската изложба од 23 слики од прилепската уметница Верче Николоска што e отворена во фоајето од Центарот. (18.11. до 2.12.2022).

Мотивирана од убавото, уметницата на сликите го отсликува светот на нејзината душа, светот на нејзината животна одисеја, распространета од нејзиниот имагинарен сон. Нејзините дела се изработени во експресна апстракција. Ова и е петта самостојна изложба.

20221118_185908.jpg 20221118_185850.jpg 20221118_185901.jpg

Верче Николоска е родена 1956г. во Прилеп. Завршила средно образование во Прилеп, а со уметност се занимава од млади години. Љубовта кон ликовната уметност е голема и продолжува да го развива талентот. Мотивирана од убавото, од љубовта кон уметноста Верче се надоградува и својата креативност во ликовната уметност ја изразува во повеќе техники – масло на палтно, акварел, графика, цртеж. Смислата на својата уметност Верче ја бара во апстрактниот експресионизам. Член е на ДЛУП.

Од 2004 година досега реализирала самостојни изложби и во Куманово, Неготино, Кичево, Македонски брод. Учествувала на групни изложби на ДЛУП, на ликовни колонии во Пешна, Валандово, Пробиштип, Дрен, Неготино, во Црна Гора.

Неодамна беше дел од проектот „Инклузивни музеи“ на Завод и музеј Прилеп, а учествувала во манифестации од хуманитарен карактер.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

ИЗЛОЖБА „БОИТЕ НА МОЈОТ ГРАД“ ОД ФИЛИП ЈОВЕСКИ

Во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ (9.11.2022 – 18.11.2022) е отворена изложбата на слики „Боите на мојот град“ од авторот Филип Јовески. На изложбата се претставени слики во комбинирана техника работени годинава, на кои се претставени значајни градски објекти, визури и пејзажи од Прилеп.

- Изложбата претставува кулминација на истражувањето на архитектонската форма низ илустрација и слика, искажано преку синергијата на двата аспекти од моето творештво: архитектурата и уметноста – вели Јовески.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, посочувајќи дека Јовески, применувајќи ги прагматичните аспекти и принципи на архитектонскиот цртеж, создал конструкција, додека со бојата креирал нова концептуална и амбиентална свежина.

- Мултидисциплинираната синтеза овозможува на деликатен начин да се изразат суштинските вредности на применетите дисциплини. ...Со мапирањето на културно историските споменици и инкорпорирањето на прилепските пејзажни предели, Јовески создава вонвременски холограмски простор на својот роден град, конструиран и обоен од сопствените сеќавања, импресии и емоции - посочи Димеска на отворањето на изложбата.

20221109_185711.jpg 20221109_191939.jpg 20221109_185701.jpg 20221109_185818.jpg 20221109_185629.jpg 20221109_191923.jpg

Филип Јовески е дипломиран инженер архитект, магистер по архитектура. Има проектирано повеќе значајни објекти во Македонија и Германија. Учествувал на повеќе ликовни групни изложби и проекти, како и на уметнички колонии за вајарство и сликарство. Член е на ДЛУП. Во последните неколку години освен како архитект, работи и како дизајнер, илустратор на детски книги и концепт артист за графички новели.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Напуштени предели“ од Никола Пијанманов

Изложбата „Напуштени предели од уметникот Никола Пијанманов од Струмица е отворена во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. (до 18.11.2022).

„Напуштени предели“ во НУЦК „Марко Цепенков“е негова тринаесетта самостојна изложба. На изложбата претставени се дваесетина слики во комбинирани техники, работени последните две години.

„ Напуштените пејзажи„ се полни со присуство од тишина и видливи траги на заборавот и исчезнувањето. Природата никогаш не е празна дури и кога е осамена и напуштена од човекот. Во тишината на празните простори се втиснале трагите на присуствата. Првично, идејата за оваа изложба се појави од болот и тагата набљудувајќи ги напуштените места, домови, села, полиња и идилични предели во мојата земја. Прашањето беше, зошто секогаш се напуштаат најубавите места во замена за полошите? Достоевски се прашувал, „како може секогаш толку многу народ да се собира во загушливите и тешки градови, во мизерија и нехумани услови, во мрачните предградија на метрополите“?! Подоцна почнав да разбирам дека слободата и изборот да се биде во ненаселени и неорганизирани места е потешка, затоа што тишината и одделеноста носат архетипска припадност на првобитноста на постоењето – вели уметникот.

20221028_191106.jpg 20221028_185942.jpg 20221028_190520.jpg 20221028_190536.jpg 20221028_190657.jpg 20221028_191125.jpg

Никола Пијанманов е роден 1981 година во Струмица, Р. Македонија. Средно уметничко училиште и Факултет за ликовни уметности завршил во Скопје, во класата на професорот Рубенс Корубин. Има реализирано повеќе самостојни изложби во земјата и странство, и оставено неколку јавни дела во простор. Се занимава со сликарство и скулптура, пишува есеи и критички осврти, како и рецензии за каталози од ликовната дејност и списанија за култура. Реализирал повеќе сценографии за театарски претстави и уредник е на неколку монографии за ликовни творци. Уметнички организатор е во Здружението за култура Транзен. Член е на ДЛУМ. Живее и работи како самостоен уметник.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

ИЗЛОЖБА ПЕЈЗАЖИ ОД ДЕЈАН ИВАНОВ МАРГУШ

Во Ликовната галерија отворена е изложбата „Пејзажи“ од академскиот сликар Дејан Иванов Маргуш. (трае до 25.10.2022). На изложбата се претставени 20 слики работени годинава. Инспирација на уметникот му е нашето македонско поднебје, односно македонските предели.

Дејан Иванов Маргуш, дипломира на Факултет за ликовни уметности 2005година во класата на Јован Шумковски и Рубенс Корубин. Работи и витражи и мозаици. Член на ДЛУМ од 2005год. Има реализирано бројни самостојни изложби, групни, учества на повеќе колонии, а добитник е на повеќе награди.

20220930_192609.jpg 20220930_193904.jpg 20220930_193112.jpg 20220930_192534.jpg 20220930_193007.jpg 20220930_193035.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share
Изложба- Уметноста како хармонија и единство на противречностите
Во Ликовната галерија отворена е изложбата "Уметноста како хармонија и единство на противречностите".(2.9 до 16.09.2022).
Куратор е Викторија Димеска, историчар на уметност.
Се претставуваат деветмина сликари -
Александар Џинго,
Атанас Атанасоски,
Бојана А.Трпческа,
Вано Кеков, 
Верче Николоска,
Марија Светиева,
Марјан Стојаноски, 
Филип Јовески и
Христина Мазнеска.
20220902_194915.jpg 20220902_193345.jpg 20220902_193422.jpg 20220902_193350.jpg received_620810699546133.jpeg received_1200293360819895.jpeg 20220902_193356.jpg 20220902_193502.jpg 20220902_193433.jpg 20220902_193417.jpg 20220902_193456.jpg received_1200293360819895.jpg 20220902_193450.jpg received_620810699546133.jpg 20220902_193803.jpg
Отворајќи ја изложбата, Викторија Димеска, историчар на уметност, рече дека преку ликовното творештво на уметниците, разновидниот начин на изразување и разните медиуми кои што ги користат, потсетуваат дека "убавината во ликовната уметност претставува хармонија и единство на контрастните елементи -линија, форма и боја.
Во творештвото на уметниците,според Димеска, присутна е"хармонијата по идеја, каде убавината се интерпретира преку поимите - умереност, добрина, несебичност, дарежливост, духовна моралност и еколошка етичност".
 

AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

„Случајни средби“ изложба од Дијана Томиќ

„Случајни средби“ е тематската изложба од графики и цртежи од Дијана Томиќ што е отворена во Ликовната галерија.(15.07 до 28.07.2022)

Случајните средби, поточно состојбите на кои случајно налетувала и посакала да ги овековечи Дијана Томиќ-Радевска иако делуваат токму така: случајно, во себе го содржат скриеното чувство за припадност на слична, блиска, недефинирана групација на луѓе, распространети насекаде низ светот. Недефинираното, но јасно изразено чувство е видливо и во описите кои ги дава авторката, како и во групирањето на графичките листови и цртежи: - Играчи со оган-баскери – Нивната радост во изведувањето, перформансот како стил на живот, безгрижноста во номадскиот стил на живот и прашањето на припадност или не-припадност. Прашањето за релативноста на задоволството, на несигурноста и моќта на слободата. - Чуварите на благото – Оние невидливи кустоси во музеите кои расправаат за уметноста живеејќи со најголемите дела на уметноста. Карактеристичните ликови кои ме испровоцирале низ карактеристична композиција, физикус, посветеност во разговорот и нивната искреност во почитувањето на уметностите. - Вистински Французин – Одредени портрети поврзани со доживеана комуникација. Потеклото и припадноста, дали е тоа суштествено во односот човек-човек. Антрополошки препознатливи карактеристики кои се менуваат испреплетувајќи ги датотеките на сопствените корени. - На улиците – Сцени од улиците, минувачи, моја слободна фантазија за припадноста и убавината на движечката енергија. Оние кои се бунтовници по став, оние кои се страдалници и кои се на улиците не по своја воља. - Под земја – Сцени од метро станици и оние кои голем дел од денот (животот) го поминуваат под земја, патувајќи, чекајќи. И тука се случува испреплетување на јазици, култури, знајни и незнајни и за на крајот, истите тие туѓинци делат слични судбини. - Нови генерации – Фигури и ликови кои се фотографирани во галериски простори како загрижени посматрачи, но во мојата композиција тие стануваат дел од уметничкото дело или инсталација. Фигури во ,,стуткана” форма како најудобна за одмор, но и понизност пред богатството.

20220715_204457.jpg 20220715_204608.jpg 20220715_202552.jpg 20220715_202546.jpg 20220715_203446.jpg 20220715_202459.jpg 20220715_202509.jpg 20220715_202559.jpg 20220715_202539.jpg 20220715_204532.jpg

Дијана Томиќ Радевска (1961), од Скопје, е мултимедијална уметница и дизајнерка. Работи на графика, цртеж, сликарство, арт инсталација, арт видео и дизајнер. Посветена е на графиката и низ класични техники, дава друга перспектива на уметноста на графиката, експериментирајќи со различни техники во монотипијата и објект-графика.

Дипломирала во 1984 година на одделот графика и графички дизајн на ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1985година. Реализирала бројни групни и самостојни изложби и студиски престои. Работи и има статус на самостоен уметник. 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
Повеќе Артикли...
  • Изложба од Павлина Илијеска
  • Изложба од Мирослав Живковиќ
  • Изложба „Празна галерија“ од Методи Исков
  • „ЗЕМЈА“- изложба од Бојана Артиновска Трпческа
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 1 од 26

Изработено од Бучевски Дејан