Печати

Премиерно прикажана претставата,, Сонот на Цепенко,,

Театарот,,Војдан Чернодрински,, на 2.2.2013, премиерно ја изведе  претставата ,,Сонот на Цепенко,, (кореодрама)  во режија на Кирил Петрески.

Режисерот Петрески ја подготви адаптацијата на текстовите на Марко Цепенков.

-Претставата се вика Сонот на Цепенков затоа што е замислена да се случува во еден замислен Свет/Сон на авторот, во еден бесконечен циклус на спирала и никогаш да не завршува. Главната приказна во претставата е приказната за Силјан Штркот, затоа што таа претставува камен -темелник во делото на Марко Цепенков. Претставата е само капка од морето на неговото творештво, а приказната ја раскажуваме преку колективна игра, музика и танц - вели режисерот Петрески.


Во претставата играат:

Игор Трпче, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Никола Настоски, Јасмина Мицовска - Станкоска, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Марија Спиркоска - Илиеска,  и Катерина Чакмакоска.

Кореографија: Кире Миладиноски

Сценографијата на Зоран Николовски,

Костимографија: Даниела Настоска

Музика :  групата  Чалгија Саунд Систем.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.