Печати

Премиера на комедијата ,,Три варијации на една тема,,

,,Три варијации на една тема,, по текст и во режија на Коле Ангеловски, е третата премиера на театарот,,Војдан Чернодрински,, годинава.

- Се работи за текст со три варијации на една иста тема. Првиот дел е ,,Викендичка,, вториот ,,Три ипол милјарди жени,, и третиот ,,По јолукот надолу,,. Урнебесна комедија на приказни од секојдневието,  во која публиката ќе ужива - вели режисерот Ангеловски.

 

Во претставата играат Зоран Иваноски, Даниела Иваноска, Марјан Чакмакоски, Марија С.Илијеска, Наташа Наумоска, Андон Јованоски, Катерина Чакмакоска,  Димитар Црцороски, Јасмина М.Станкоска, Виолета Чакарова, Владимир Ѓорѓијоски, Никола Настоски, Александар Степанулески.

 

Костимите и сценографијата се на Илина Ангеловска, а  музиката на Томче Темелкоски.

Инаку, со премиерата на претставата (22.6.2013) започна Прилепското културно лето.