Печати

Премиера на "Како се станува Цар"

,,Како се станува Цар,, од Афродита Кирјаковска, во режија на Кирил Петрески е новата премиера во театарот ,,Војдан Чернодрински,,. Најмладите уживаа во претставата за деца која театарот ја подготви со сопствени средства. Режисерот Кирил Петрески изјави дека претставата ја работеле со големо задоволство, со многу голема актерска енергија.

- Приказната ја сместивме во малиот свет на инсектите на дворецот на Царот Дувниветре, но сепак, раскажува за потребата од човечки вредности: љубов, другарство, дарежливост, искреност – вели режисерот, потенцирајќи дека.,,Како се станува Цар,, е домашен драмски текст од Кријаковска, напишан во стих.

Во претставата играа: Цар Дувниветре - Најдо Тодески, Ветрусхка - Виолета чакарова, Штурецот - Зоран Иваноски, Мувата Џунџарка - Марија С. Илијоска, Првата пчела - Наташа Наумоска, Втората пчела - Ангела Наумоска, Мравката - Димитар Георгиевски и Бумбарот - Михајло Миленкоски.

Костимите ги изработи Даниела Настоска,музиката ја компонираше Томе Темелкоски, а за сценографијата се погрижија режисерот и Пеце Ристески.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.