Печати

ВО СЕНКАТА НА ВЕТРОТ

2016 година

Автор – ПОЛ ЕМОН

РЕЖИЈА -  ЈУГОСЛАВ И. КОЧОСКИ

Сценографија – Бојан Маневски

Костими – Даниела Настоска

Музика – Томе Темелкоски

Драматурзи – Ивана Нелковска и Лидија М. Ѓорѓиевска

Превод од француски и плакат – Елеонора Порјазовска

Кореографија- Кире Миладиновски

Улоги

Жо – Димитар Црцороски

Катрин – Марија С. Илијеска

Кристиан – Катерина Ч. Клинческа

Ивет – Ангела Наумоска

Алекс – Марјан Чакмакоски

Албер – Михајло Миленкоски

Том – Најдо Тодески

Лулу – Наташа Наумоска

Г-ѓа Ирма – Виолета Чакарова

Се работи за претстава во која се говори за  тешкотијата да се сака, да се биде сакан и да постоиш во очите на другите.

- Претставата го претставува длабокото незадоволство и празнина на тие што можат да имаат сѐ и повторно се незадоволни и за тие кои немаат ништо, а се среќни од тоа малку што им го дава животот. Испреплетувањето на дејствието и текот на индивидуалните приказни на ликовите претставува посебен пристап кон сценското прикажување, а воедно дава и посебен клуч по кој може да се следи едно театрско дело. Посебниот начин на пишување и пристап кон ова дело на Пол Емон дава наизменичност во нарацијата од директен говор до гласно кажани внатрешни мисли кои многу често ја изразуваат состојбата на ликовите во сегашноста или пак го пренесуваат своето искуство за тоа што се случило во минатото. Ова специфично третирање на времето како и различните ракурси на гледање на протагонистите за една иста ситуација го надополнува богатството на содржината кое ова сценско дело го нуди – вели режисерот Југослав И.Кочоски.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.