Печати

Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Премиера на 28.9.2019

Глембаеви 

варијација на драмата на Мирослав Крлежа 

режија и адаптација: БРАНКО БРЕЗОВЕЦ

композитор: НИКОЛА МИЦЕВСКИ

сценографија: ИВАНА КНЕЗ

костимографија: СУЗАНА БРЕЗОВЕЦ

светло: РИСТЕ ГРКОВСКИ и БОБАН СМИЛКОСКИ

тон: TOME TEMEЛКОСКИ

драматуршка соработка: ЛИДИЈА МИТОСКА-ЃОРЃИЕВСКА

соработник на сценографот и сликарски работи: ПЕЦЕ РИСТЕСКИ 

Играат

НАЦИ (ИГЊАТ ЖАК) ГЛЕМБАЈ ................................. АНДОН ЈОВАНОСКИ

банкар, шеф на фирмата Глембај Лтд, вистински таен советник, 69 години

БАРОНИЦАТА КАСТЕЛИ – ГЛЕМБАЈ...........................ДАНИЕЛА ИВАНОСКА

негова втора легитимна сопруга, 45 години

Dr. phil. ЛЕОНЕ ГЛЕМБАЈ.............................................ЗОРАН ИВАНОСКИ

син од Игњата и првата негова сопруга родена Базилидес-Даниели, 38 години

СЕСТРАТА АНГЕЛИКА ГЛЕМБАЈ...................................АНГЕЛА НАУМОСКА

доминиканка, вдовица на најстариот Глембаев син Иван, родена бароница Зигмунтовиќ Беатрикс, 29 години

Dr. theol. еt phil. АЛОЈЗИЕ ЗИЛБЕРБРАНТ....................ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ

информатор на синот на бароницата и нејзин исповедник, 39 години

ОЛИВЕР ГЛЕМБАЈ..........................................................ИСИДОР ЈОВАНОСКИ

син на бароницата Кастели и банкарот Глембај, 17 години

ТИТУС АНДРОНИКУС ФАБРИЦИ – ГЛЕМБАЈ...................ТРАЈЧЕ ИВАНОСКИ

кузен на банкарот Глембај, голем жупан во пензија, 69 години

Dr. juris ПУБА ФАБРИЦИ – ГЛЕМБАЈ................................ИГОР ТРПЧЕСКИ

адвокат, правен советник на фирмата Глембај Лтд, негов син, 28 години

АНИТА............................................. АНА МИТОСКА СТОЈАНОСКА

 

Глембаеви

Глембаеви не само што се најцелосниот, па со тоа – по некоја класична логика – и најдобар драмски текст на Крлежа, тукуинеговата трајна актуелност вчудоневидува, иако неговатаисторизација, дури и со елементи на фантастика,би можела да даде уште повртоглави резултати.

Изворно, Глембаеви зборуваат за пропаѓањето на една голема капиталистичка фамилија, за тоа колку тешко настанала големината на таа фамилија, како со лукавство се одржувалаи како перверзно пропаднала. Во време на денешната тајкунизација, која владее со сите транзициски простори од Балтикот до Солун, темата на оваа драма ни се чини клучна за храбриот влез во вибрирањето на театарската современост и непобитна актуелност.

Неморалот е услов и лост на глембаевското богатство, но препреденоста на бесчувствителноста одамна се учи во јавните училишта и установи. Глембаеви се некој вид на рендген на таа бесчувствителност, која ни исклучоците на своите правила не успева да ги пресади во бавчата на разумот, туку ги потпикнува покрај тврдите корења на далечните нејаснотии и матните почетоци. Во таа смисла ликот на Леоне, синот на стариот Глембај, е двојно и неподносливо распната фигура меѓу кривицата на Едип и правдината на Робин Худ, а стариот Глембај е трансфигурација на сеприсутните нововековни тајкуни.

Со оглед на тоа, Глембаеви се, ако сакаме, критика на нововековната тајкунска чудовишност, но критичар на таа чудовишност ама баш никако не може да се пронајде во корпусот на таа драма. Напротив, Крлежа порачува дека ни самата таква критиката, сосе нејзините вешти критичари (кои веруваат во онаа Жувеовасреќа на новиот ден), ама баш никако не може да се заснова ниту надвор од нејзиниот свет, односно во стварноста. Стратегијата на критичноста не може да се заснова на крлежијанското матно. Куќа не се гради врз тињата на тоа матно. Може само што побрзо да се признае дека метежот и матнината се мрачни, какви-такви,темели на нашата ослободеност за и пред проблемот.Единствен позитивен лик во Глембаеви е човекот со најкраток фитил и загледаност: клерикот Зилбербрант. Оној кој мисли е во опасност и во дофат на матното.

Така е тоасоактуелизацијата на оваа драма, но историзацијата на фантастичните прилагодби, кои Крлежа со заборавот на Легендите ги припитомува и ги притајува во драмата, би можела да биде многу поинтересна и поделотворна.

Глембаеви едноставно не се реалност, туку фикција, евентуално равенство со компоненти на стварност, но со резултанти на фикција. Или обратно, како што сугерира Гавела, тврдејќи дека глембаевските ликови никогаш не се обидуваат да ја сокријат својата литературна провиниенција.Камо среќа да имавме во времето на таа драма, а и во некогашната наша социјалистичка стварност, така хумани, па и демагошки хумани, добростоечки богаташи наклонети кон духовност од секој вид, од религиска до артистичка, кои на своите синови би им овозможиле повлекување или би им допуштиле бегство во уметничка бесполезност. Да имавме такво нешто, ние денес немаше да бидеме сведоци на анимална акумулација на капиталот и распад на секаква присебност.

Додека во актуелизираниот пристап на Глембаеви песимистичките изводи само растат, а надежта иронично се појавува само во сувопарни, лепливи плаштови на религиската казуистика, историзацискиот пристап нуди некои премини. Глембаевското богатство создава своја одговорност: Бароницата основа добротворни установи, Пуба до запирка ги проучува опозициските весници, Леоне му купува Сингерка на алчниот пролетаријат. Тоа не е многу, но во пристапот кој повикува на актуелизација, нема ама баш ништо што би нè помрднало, ни нагоре ни надолу.

Во смисла на овој можен дуализам на драмата Глембаеви се движи режисерската и амбициозната сценска оператива.Можно е да се насети дека се работи за горчлив, но не баш песимистичен пристап, кој отфрла секакво придвижување и преминување во реторичност, слаткоречивост од секој вид, во она што Адорно го нарекува вулгарен идеализам.

Нема спас во нацијата, нема ни морал, нема религиозност, спасение, совест. Има матново нас и со признавањето на таа матнина, да основаме еден поодржлив свет на неподнослива чувственост и изнудена човечност.

МИРОСЛАВ КРЛЕЖА

Роден е во 1893 г. во Загреб. Образованието го започнал на Военото кадетско училиште во Печуј. За време на Првата светска војна, Крлежа е пратен на фронтот во Галиција. Иако во војната бил кратко поради болест, тоа било доволна инспирација за голем бројподоцнежни дела. 

Крлежа е исклучително сестран писател и нема книжевен жанр кој не го испробал. Врв на романескниот опус на Крлежа се Знамињата,  а на поетскиот  Балади на Петрица Керемпух.

Критичарите се согласуваат дека постојат три драмски тематски циклуси на Крлежа. Во првиот спаѓаат симболичките и лирски интонирани драми собрани во збирката Легенди (Легенда, Маскарада, Микеланџело Буонароти, Кристофор Колумбо, Краљево, Адам и Ева). На вториот тематски циклус му припаѓаат драмите кои се занимаваат со воена тематика и во кои се прикажани општествените услови малку пред распадот на Австро-Унгарија. Тоа се Голгота, Галиција, Вучјак, Во логорот – драми настанати во почетокот и средината на дваесеттите години на 20 век. Третиот тематски круг е воедно и најпознатиот, а Крлежа го пишувал под очигледно влијание на нордиските драмски автори Ибзен и Стриндберг. Нему му припаѓа трилогијата Глембаеви, која ги вклучува драмите Господа Глембаеви, Во агонија, и Леда каде Крлежа се занимава со пропаста на богатите загрепски граѓански фамилии.

Кон првиот тематски циклус се припишуваат и драмите напишани или редактирани кон крајот на педесеттите и раните шеесетти: Аретеј и Салома.

БРАНКО БРЕЗОВЕЦ

Роден е во 1955 г. во Загреб. Пред да се запише на Академијата за драмски уметности, кадешто дипломирал театарска режија, студирал филозофија и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Неговите први претстави се поврзани со театарската група Coccolemocco, која ја основал и уметнички ја предводел од својата петнаесетта година, а била една од најзначајните алтернативни групи во седумдесеттите години во поранешна Југославија.

Во подоцнежниот период, Брезовец режирал во националните и репертоарни театарски куќи низ цела поранешна Југославија и во странство (Велика Британија, Узбекистан, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Италија), работел на различни жанрови (опера, мултимедијални спектакли, „метафизички комедии“ итн.), како и во мултикултурни средини со Албанци, Турци, Унгарци, Велшани, Роми...

Неговиот иновативен драматуршки пристап е проширен преку поврзување на различни текстови, култури, контексти, јазици, режисерски и актерски стилови во една претстава.

Неговите претстави имаат гостувано и се наградувани на речиси сите најважни фестивали во поранешна Југославија и на сите континенти.Во Македонија, Брезовец има режирано дваесетина претстави низ театрите во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп. 

Глембаеви е негова втора режија во Прилеп. Во 2010 г. ја постави битовата драма Антица, која гостуваше на престижниот фестивал Euroszene во Лајпциг.

Од 2002 г. е професор на загрепската Академија за драмски уметности, на катедрата за театарска режија.

 

инспициент: ЕленаИваноска; суфлер: ЛилјанаБатлеска;реквизитер: ГоцеНаумоски;гардеробер: СнежанаЃорѓиоска;фризер-перикер: ДаринкаБогоеска;декоратери: Роберт Стојкоски, СашоСмоквоски, ВладимирВладимироски, ЈанеЈанкулоски, ЗлаткоАпостолоски;заварувач: ГоцеТодороски; дизајн на плакат: Дејан Драгосавац-Рута

 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.