Печати

НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп Театар „Војдан Чернодрински“

Премиера на 25.11.2020

КАМЕНОТ Од Мариус фон Мајенбург

Режија: Кристина Димитрова

Сценографија: Валентин Светозарев

Костимографија: Роза Трајчевска – Ристовска

Драматург: Лидија Митоска - Ѓорѓиевска

Музика: Томе Темелкоски

Играат:

ВИТА - Наташа Ачански

ВОЛФГАНГ – Илија Волчески

ХАЈДРУН - Катерина Чакмакоска – Клинческа

ХАНА - Димитар Ѓорѓиевски

МАЦА - Јасмина Мицовска- Станкоска

ШТЕФАНИ - Марија Димитрова

Инспициент: Елена Иваноска

Суфлер: Лилјана Батлеска

Светло мајстор: Ристо Гркоски

Музички соработник: Ана Митоска

Сликар исполнител: Пеце Ристески

Реквизитер: Гоце Наумоски

Гардеробер : Снежана Ѓорѓиоска

Фризер – педикер : Даринка Богоеска

Заварувач: Гоце Tодороски

Декоратери: Сашо Смоквоски, Роберт Стојскоски, Владимир Владимирски, Јане Јанкулоски, Златко Апостолоски

Режисерот Кристина Димитрова за претставата:

По повторното обединување, семејството Хајзинг се враќа во својата куќа во Дрезден во 1993 година, сметајќи ја таа куќа за своја сопстевност. Приказната започнува во 1935 година, кога истото семејство се вселува во куќата, купувајќи ја од еврејско семејство што е присилено да се исели. Шеесетина години подоцна, веќе остарената и дементна Вита, нејзината ќерка Хајдрун и петнаесетгодишната внука Хана пробуваат да се вратат во старата куќа, но тоа оди тешко. Ѕидовите на оваа куќа знаат премногу магливи приказни што допрва се откриваат. Ја чувствуваме исчезнатата среќа, како и остатоците од војната, сиромаштвото, префрлањата, тешките дуели, лаги, непочитувања, лицемерие...Потребна е голема издржливост и многу компромиси за да се живее во мир.

Der Stein, или Каменот е една хроника за семејството Хајзинг која го опфаќа периодот од 1935 до 1993 година. Драмата раскажува дел од германската историја,задржувајќи се на овие шеесет години поминати во семејни тајни, лаги и измами, но и во чувство на вина и одговорност. Фон Мајенбург пишува заедна честа појава, семејство бега од својата вина со избегнување, ревизија и поедноставување на минатото.

„Каменот“ има фрагментарна структура – дејството буквално скокнува низ различни години: 1935, 1945, 1953, 1978 и 1993, а со тоа се создава необична и гротексна стварност, бидејќи гледачот сведочи за сомнежот во минатото и недоразбирањата во денешно време. Кога се открива вистината, дејството се враќа на самиот хронолошки почеток. Крајот нè остава без заклучок, но сознанието за разбирањето на семејството и неговото минато е засекогаш променето.

Со помош на разни, добро подесени драматуршки инсталации, фон Мајенбург го истражува односот меѓу историјата и идентитетот. Неговиот деконструктивистички пристап следи на кој начин преку митот се реобмислува историјата и како митовите се претвораат во темелна приказната за идентитетот. Мајенбург ја користи структурата за да ја истакне проблематичната и збунувачка природа на паметењето и идентитетот, илустрирајќи како тие два елементи комуницираат и се мешаат меѓусебно.

Претставата Каменот се занимава со она што претставувало предизвик за многу драматурзи, режисери, писатели и уметници во повоениот период: како се чувствуваат нашите предци денес во нас самите? Оваа претстава нуди еден увид во желбата за дознавање на вистината, но без самоповредување, односно без оштетување на позитивната самоперцепција.

Мариусфон Мајенбург се занимава со сложеното прашање на одговорност во контраст со идејата за вина.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.