• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

зодијак
По повод 29 април - Меѓународниот ден на танцот PDF Печати Е-пошта
Share

По повод 29 април - Меѓународниот ден на танцот

НУЦК „Марко Цепенков“ со пренесување на македонската порака за Меѓународниот ден на танцот од авторката Билјана Тануровска Ќулавковски и со видео од танц студиото Зодијак, денеска на својата страница го одбележува 29 април Ден на танцот. Промо видеото е во режија на Љупчо Атанасоски, со кое се промовира танцот како универзално средство на говор преку телото меѓународно признат и разбирлив за целиот свет.

Членовите на Интернационалниот театарски институт од Скопје со мнозинство на гласови едногласно оваа година ја избраа Биљана Тануровска Ќулавковски да биде авторка на македонската порака по повод овој ден. Светската порака за меѓународниот ден на танцот ја напиша Фридеман Вогел – балетски танчер од Германија.

Се` започнува со движење – движењето е инстинкт кој сите го поседуваме – и танцот е движење, рафинирано и преработено движење, за да комуницира. Колку што беспрекорната техника е битна и импресивна, всушност ултимативно е сето тоа што танчерот го изразува преку битот и есенцијалното во движењета.Како танчери, ние постојано сме во движење; ние тежнееме да ги создадеме овие незаборавни движечки моменти. Независно од танцовиот жанр, всушност тоа секој танчер копнее да го постигне – создавајќи движења. Затоа сега кога ненадејно веќе не ни е дозволено да настапуваме, денес кога театрите и фестивалите се затворени и откажани, нашите светови застанаа. Без физички контакт. Без настапи. Без публика – велат од танцовото Студио Зодијак“.

Биљана Тануровска-Ќулавковски – Авторка на македонската порака

,,Танцот е уметност и социјално вградена пратикакоја ги артикулира и материјализира односите помеѓу телата, помеѓу телата и предметите, помеѓу просторот и времето. Уметноста се развива во специфични материјални и идеолошки услови, кои истовремено и ја дефинираат. Истите тие услови го дефинираат и „светот на танцот“,кој препознавадела и практики како танци, тела во танц или танцови тела. Свесни за различните перспективи, верувања, претпоставки, односи и идеологии за телото, кои се користат низ времето, го градиме односот кон танцот како уметност и социјална практикана соединување, демаскирање, геометризирање, искуство, поврзување...

Градиме однос кон телото во танц како тело во движење, во мирување; интелигентно, неутрално, минимално, возвишено, вертикално, хоризонтално, метафизичко, канонизирано, родово, квир, импровизирано, спонтано, кореографирано, технички спремно, технички ослободено, експлицитно, невидливо...или многузначно тело во танцот.

Ова многузначно тело во танцот станува сèповидливо, поради големиот влог на многу танцови уметници и работници кои со години работат на развој на едукација, на продукција, формирање на простори, на формални и неформални компании, колективи, организации...

На денот на танцот посакувам, за сите, континуиран развој на подобар „свет на танцот“ кој ќе ни понуди повеќе средби со неговата многузначност. Заедно да го славиме танцот и неговото мноштво на значење и употреба, но и да ги подобруваме условите за развој на танцовата уметност кај нас.

Би сакала во иднина да се сеќаваме на овие пандемиски денови, не само како моменти на криза кои ни одзедоа средби со танцот, но и како моменти во кои го промислуваме „светот на танцот“ во иднина, и посакуваме да сведочиме за: Посебен третман на танцот во полето на културните политики;Бројни и разновидни танцови продукции;Нови простори и институции за танцова уметност;Уште поголема поддршка на независни кореографи, танчерии изведувачи; Фонд за мобилност и регионална и меѓународна соработка, што ќе овозможи нашата танцова уметност да патува и да нèозначува насекаде...

Ни посакувам и многу повеќе, додека славиме денес, славејќи го минатото, гледајќи напред кониднината.

Посакувам и во иднина да танцуваме и да го славиме танцот во сета својаразноликост, разновидност, многузначност и многуслојност...

Да живее танцот! 

 
Танц спектакл со стотина учесници PDF Печати Е-пошта
Share

Танц спектакл со стотина учесници

Со целовечерен концерт танц студиото Зодијак го одбележ интернационалниот ден на танцот 29 април 2016. Стотина танчери на најразлична возраст се претставија со кореографии од класичниот балет, модерниот балет, современиот танц, а воедно беше презeнтирана и итернационалната порака, која за оваа година ја напиша кореографот Lemi Ponifasio. Дел од концертот беше видео спотот за ЗОДИЈАК во авторство на Љупчо Атанасоски.

IMG_8867.jpg IMG_8782.jpg 1.jpg 2.jpg IMG_8902.jpg

Ова е годишен концерт на Зодијак со кој се одбележаа 17 години постоење и одбележување на интернационалниот ден на танцот.

-Седумнаесет години и не е така мал период за креативно творење на нашето тло. Прилеп отскокнува од останатите градови по создавањето на таленти и креативци кои можат на најразличен начин да ја претстават својата имагинација. Пред се, со танцот, како универзално средство за разбирање меѓу различните култури – додава Миладиноски.      


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

15 години танц студио Зодијак

Танц студиото Зодијак при ЦК,,Марко Цепенков,,, со целовечерен годишен концерт, на 29 април го одбележи својот петнаесетти роденден. На овој настан беше прикажан и краток филм и прочитана интернационалната порака за танцот за 2014 година од францускиот кореограф Мourad Merzouki, а на сцената се претставија сите 100 танчери.

Беа изведени кореографии од класичниот балет, современиот танц, хип-хопот како и естрадни танци, а публиката имаше можност да види дел од најнаградуваните кореографии од фестивали како во земјава така и од странство.

SAM_0961.JPG SAM_0951.JPG SAM_0982.JPG SAM_0987.JPG


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

 
Светски Ден на Танцот PDF Печати Е-пошта
Share

 

29 април Светски ден на танцот

Трибина и работилница за танцот


Во средата, 28 април, во фоајето на НУЦК„Марко Цепенков” се одржа интерактивна трибина-работилница по повод 29 април Светскиот ден на танцот. Модераторите Марјан Спиркоски и Кире Миладиноски се осврнаа на социолошко - културниот аспект на значејнето и функцијата на танцот, чија крајна цел, покрај неодминливиот ефект на разонода, како уметност е облагородување на човекот и општеството. На манифестацијата со свои настапи-перформанси учествуваше дел од танцовото студио „Зодијак” кое работи во склопот на НУЦК„Марко Цепенков”, а младите танцувачи не само што танцуваа туку се вклучија во трибината искажувајќи ги своите чувства и видувања за модерниот танц.

Со оваа манифестација Центарот за култура започнува серија интерактивни трибини за одбележување на светски настани од областа на културата.

 
Танцово студио “Зодијак“ PDF Печати Е-пошта
Share

Успешни години работа и за танцовото- балетско студио “Зодијак“ под раководство на Кире Миладиноски. Респектабилно име во колективните и поединечните изведби на уметнички перформанси дома и во странство.

 

 


Изработено од Бучевски Дејан