Печати

,,Крајот на светот каков што го знаеме,,

Младинското Драмско Студио - ,,Театар - Чин 4 Сцена 5,, при НУЦК Марко Цепенков, во април 2012 година, премиерно  ја прикажа претставата ,,Крајот на светот каков што го знаеме,, од Алекс Браун, во режија на Андреј Богатиноски.

Претставата е современа драма во 4 кратки делови, меѓусебно независни по дејствие едно од друго. Пренесени се романтика, самоубиствени мисли, пороци и генерациска промена. Претставата нуди јасна порака: светот не е онаков како што постарите го познаваат. Дејствијата се случуваат на 4 најразлични места на планетата, што значи промената го зема својот замав насекаде подеднакво. Ние сме исти - јас и ти...,,

Играат: Исидор Јованоски, Наталија Ристеска, Дарко Карбески, Александар Пусоски, Марио Стојаноски, Виктор Мирчески, Симона Трајческа и Ангела Димеска      

Костимографијата и музиката се плод на колективноста помеѓу членовите на драмското студио.