Печати

Награда на ФААТ за Ангела Димеска

Ангела Димеска, актерка - аматерка од Младинското драмско студио при НУЦК,, Марко Цепенков,, на неодамна завршениот фестивал на аматерски драмски театар ФААТ во Кочани ја освои НАГРАДАТА за СПОРЕДНА ЖЕНСКА улога за одиграната ролја во претставата,, Крајот на светот каков што го знаеме,, во режија на Андреј Богатиновски. Гимназијалката Димеска наградата ја освои во силна конкуренција од над 13 претстави.

Со тоа младата актерка го претстави во вистинско светло МДС и Центарот за култура, но и потврди дека младинската театарска сцена одлично функционира во Прилеп.