Печати

ДВОБРОЈ 1-2 НА СТРЕМЕЖ ЗА 2013

ЦК"Марко Цепенков" го издаде првиот двоброј на списанието за литература уметност и култура "Стремеж" за 2013 година во кое се објавени препеви, проза, поезија, критики и есеи.

Препеви на песни од:

-  американската поетеса, актерка и преведувач Хелен Кродона, - српскиот автор Срба Игњатовиќ и 

- бугарскиот поет  преведувач и сликар Роман Кисјов.

Проза:

- Христо Котевски, Бобан Богатиновски, Трајче Крстески и Атанас Тасевски,

Поезија:

- Трајан Петровски, Петар Петрески, Мирјана Стојановска, Митко Гогов и Тони Павлески.

Критики и есеи:

- Васил Тоциновски  во "Отстрел зад секој агол" пишува за творештвото на Томислав Османли,

- Тодор Чаловски во "Вдлабен во сопственото поетско исходиште" се произнесува за новата поетска книга на Јовица Тасевски- Етернијан,

- Трајче Крстески во "Разногласие на сликата" се осврнува за сликата "Ротонда" на Тони Чатлески

- Игор Тасески дава посебен осврт на преданијата од Марко Цепенков.