![]() |
Двоброј 1-2 на списанието СТРЕМЕЖ за 2016
Васил Дрвошанов во текстот ,, Поезијата низ методичката призма на Ана Витанова Рингачева,, се осврнува на поезијата на Ана Витанова Рингачева, Трајче Крстески , во ,, Будење на фантазијата,,пишува за романот,, Светицата и разбирачот,, од Петар Петрески. Читателите во двобројот на Стремеж ќе можат да ја прочитаат поезијата од Габриела Павлоска, Смиле Наумоски- Брсак и ЕлизабетаТодорска, како и прозата на Сузана Ѓорѓиевска и Маја Мојсова. Двобројот на Стремеж, што излегува со подршка на Министерството за култура донесува препеви на поезијата на британската поетеса Менди Панет, како и неколку преводи на дела од латински од Миле Богески. |