Печати


Трибина: Во слава на музиката - 21 јуни Ден на музиката


(21 јуни) За најважното споредно нешто на светот - музиката, за историјата на современата музика, за блузот како основа на современата музика, за музиката како уметност, за необичните инструменти малите тајни на музиката и за духовната функција на музиката, се дебатираше на отворената трибина и работилница во НУЦК„Марко Цепенков”. Воведничар беше Маријан Спиркоски докажан познавач на музиката и ревносен проследител на трајните музички вредности. Со свое видување говореше и Тони Чатлески директор на Центарот на култура,а медијатор беше Наташа Мирческа. Трибината беше збогатена со избор на музика, мини перформанс на актерот Игор Трпче,а на свој начин во слава на музиката настапи и прилепскиот рапер „ДАБЛ БИ” . И оваа трибина и работилница беше уште една заложба Центарот за култура интерактивно да ги одбележува сите значајни датуми на светско ниво.