Печати

Концерти, Перформанси и Филмови

Над стотина настани  - концерти, перформанси, проекции на филмови се случија на сцените во ЦК,, Марко Цепенков,, во 2011 година кои предизвикаа интерес кај публиката, меѓу кои Велигденскиот концерт на КУД,, Стив Наумов,, настапите на КУД,, Џилонг,, од Австралија, ,,Моминок,, ,,Мирче Ацев,,..

,,Прилепското културно лето,, како манифестација повторно  и понуди на публиката интересни настапи на групи, фолклорни друштва. Прилепчани имаа можност да проследат Класичен концерт со гости од Виена, настапот на Дамари чалгија оркестар, на Памперси... Особено за одбележување беа Вечерта на староградска песна и Вечерта на изворен фолклор на балканските народи, која веќе се етаблира како значаен регионален настан.

 

Не беа заборавени ни љубителите на филмовите. За нив премиерно беа прикажани филмовите ,, Панкот не  е мртов,, Движи напред,, одличните  нови Германски филмови,во соработка со Германската амбасада во земјата,  а имаше и Вечер на аматерски документарен филм. Младинското драмско студио премиерно прикажа две претстави ,, Кумови,, и ,,Спиј ти наредувам,,
Така ќе се продолжи и во 2012 година.