Печати

62 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Театарот ,, Војдан Чернодрински ,, со 20-та изведба на претставата ,, Маратонците го трчаат почесниот круг ,, во режија на Кирил Петрески, одбележа 62 години од постоењето. Театарската магија започнала на 18 февруари 1950 година со првата претстава ,, Кир Јања ,,. Воедно се прослави уште еден повод: заминувањето во пензија на актерите Димко Вандески и Петар Димоски, на кои им беа врачени пригодни подароци за пензионирањето од колегите, од ЦК ,, Марко Цепенков ,, и од градоначалникот Марјан Ристески.