Печати

Концерт на КУД ,, Мирче Ацев ,, за 65 години од формирањето

На 20 април, 2012, со целовечерен концерт КУД,,Мирче Ацев,, во Центарот за култура, одбележа 65 години од формирањето. Освен играорците на друштвото настапија и гостите од ансамблот,,Темптен,, од Макарска, Хрватска и ФА,, Плетенка,,од Битола.


КУД,, Мирче Ацев,, е формирано во 1947 година. Точно 65 години го негува богатиот македонски фолклор и ја продолжува македонската традиција на интерпретирање на народни игри. Во текот на постоењето Друштвото одржало над 3500 концерти во земјата и во странство. Има остварено гостувања во цела Европа - Полска, Франција, Данска, Германија, Бугарија, Хрватска и Србија, во Албанија, во Турција. Има освоено значајни први награди на реномирани фестивали во светот: во Ланголен - Велика Британија, во Миделкерке - Белгија, во Овиедо - Шпанија и во Ница - Франција. Добитник е и на наградата ,,Трети ноември,, на  општина Прилеп.