Печати

Предвелигденски диховен концерт на хорот Св. Благовештение

Во понеделникот, 14 април 2014, во Киното Мис Стон се одржа Предвелигденски духовен концерт на кој настапи градскиот црковен хор ,,Св. Благовештение,, под диригентство на м - р Гоце Секулоски. Хорот исполни композиции од Бадев, Секулоски, Обиходно, Алабјев, Теофаново, Мокрањац, Бортњански...

Податоци за хорот

Градскиот Хор „Свето Благовештение“ е формиран во 2000 година. Во својот музички репертоар хорот се определува за негување на македонската духовна традиција, при што, покрај прилепскиот композитор Атанас Бадев, обработува и композиции кои се дел од музичкото творештво на останатите православни земји. Хорот Св. Благовештение досега учествувал на повеќе манифестации и Фестивали каде успешно ја презентира духовната традиција на својот град. Најзначајни од нив се Фестивалот „ТЕ-ХО“ – Тетово и Манифестацијата „Денови на Јустинијан I“ – Скопје. Редовно учествува на Светите и Божествени Литургии во двата прилепски храма ,,Свето Благовештение,, – Стара Црква и ,,Св. Кирил и Методиј,, – Параклис, каде со своето пеење ја збогатува молитвеноста и благолепието на православната богослужба.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.