Печати

“Буре барут” на фестивал во Враца

bure barut
Театарот “Војдан Чернодрински” со претставата “Буре барут” од Дејан Дуковски, во режија на Наташа Поплавскаво сабота, 16 мај 2015, гостува на Фестивалот на камерна сцена во Враца, Бугарија. Настапот на 26 издание на фестивалот на малите камерни форми е на отворањето. Учествуваат театри од Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Романија и Русија.
Публиката ќе има можност да ја проследи претставата во која Поплавска режисерската поставка ја канализира во правецот на покажување на љубовта и емоциите и го поставува прашањето Зошто.
Играат Игор Трпче, Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска, Владимит Ѓорѓијовски, Александар Степанулески, Димитар Црцороски, Виолета Чакарова, Марјан Чакмакоски, Катерина Чакмакоска, Наташа Наумоска, Илија Волчекси, Маирја С. Илијеска, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски. Костимите се на Александар Ношпал, музиката на групата Мизар, додека сценографијата и дизајнот на Емил Петров.
Театарот со претставата ,,Буре барут,, која е добро прифатена од публиката имаше повеќе гостувања во земјата и во Црна Гора на фестивалот на глумци во Никшиќ, од каде се врати со награда. Имено Даниела Иваноска освои награда за одлично одиграната споредна женска улога (Алтана). Актерката Катерина Чакмакоска Клинческа пак за улогата на Евдокија влезе во потесниот круг за избор на артист на 2014 година.
Инаку, во Враца напоредно се одржува и 5 меѓународен фестивал на театарската асоцијација НЕТА.