Печати

Одбележани 66 години од театарот „Војдан Чернодрински“

18.2.2016

Вечерва одбележуваме 66 години откако првпат се крена завесата од оваа сцена. Тогаш, љубителите на театарот ја гледале претставата “Кир Јања” од Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Вечерва почитувани ќе уживате во изведбата на ,,Кирил и Методиј, who are you,, од Јордан Плевнеш, во режија на Мартин Кочовски. Вечерашниот настап на ансамблот е и во чест на актерите од театарот Блаже Алексоски и Благоја Сприкоски Џумерко кои починаа во меѓувреме. Првиот беше еден од основоположниците на театарот и даде голем придонес за неговиот развој не само како актер, туку и како писател и режисер, додека вториот со години беше еден од водечките актери во ансамблот.

Нашиот и ВАШ театар низ годините континуирано растеше, се развиваше, редеше успеси. Со гордост од оваа сцена посочувам дека сега сме еден од најдобрите театри во Македонија. Со млад, надежен ансамбл, кој изминатите години освои бројни награди не само на МТФ,,Војдан Чернодрински, туку и на фестивалите надвор од Македонија. Театарот,, Војдан Чернодрински,, сега е во врвот на театарската уметност во земјата. Ветуваме дека по патот кој го зацртавме - да бидеме најдобри ќе продолжиме, ќе ви даруваме многу претстави, многу смеа, радост од оваа сцена. А за возврат ги очекуваме вашите апалузи. Нека е честита годишнината од постоењето на театарот,,Војдан Чернодрински,,- рече Тони Чатлески, директор на ЦК,,Марко Цепенков,, обраќајќи се пред публиката.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.