Печати

 

УЧЕНИЦИТЕ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ


Во саботата (на 15.05.2010 год.) стотина ученици од 2 средни училишта од Прилеп и 2 основни училишта од Кривогаштани и Долнени, на сцената 105, во Домот на културата Марко Цепенков одржаа Парада против трговијата со луѓе.

На овој настан учениците кои беа вклучени во реализацијата на проектот ги презентираат нивните кампањи, со изведување на музички точки, драми, текстови и дијалози, кои беа нивни авториски дела. Настанот кој треше повеќе од два часа учениците го искористија да го кренат гласот во борбата за трговијата со луѓе.



Овој настан го организира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп (www.cgimk.org.mk), а е во рамките на проектот ,,Мрежа на млади училишни клубови во Пелагонискиот регион”, кој е финансиран од Австралиската амбасада во Белград. Главна цел на проектот е поддршка на децата во нивните превентивни активности во борбата против трговијата со луѓе.