Печати

 

Седмица богата со културни настани


Стотина матуранти од СОУ во Прилеп, како и врсниците од повеќе европски земји се вклучија во европскиот квадрил танц. Танцуваа на звуците од операта „Лилјакот” од Штраус во фоајето на Центарот за култура и симболчно го одбележаа своето полнолетство.

Традиционалната средба на пензионерите од земјава, годинава помина во знакот на одбележувањето на 35 годишнината од КУД „Пензионер”. Со богата културно уметничка програма, пензионерите славеа и се дружеа.

Во НУЦК „Марко Цепенков” се одржа изборот за НАЈ ученик, наставник, одделение и ОУ за учебната 2009/10 година.

Младинското драмско студио се подготвува за учество на годинечниов ДАФ во Кочани. Со претставата „Скица за гоблен од Палјачо” од Трајче Крстески во режија на Саша Нацовски . Во конкуренција од 16 аматерски театарски проекти, МДС ќе настапи во среда, 2 јуни.