Печати

 

ХРВАТСКИ ФИЛМ ВО МАКЕДОНИЈА

- Денови на Кинотеката на Хрватска -


Од 25 мај Кинотеката започна со филмскиот циклус Хрватски филм:Денови на Кинотеката на Хрватска. Македонската јавност ќе може да проследи 12 филмови меѓу кои неколку ремек дела на хрватската кинематографија.

Филмскиот циклус ќе биде прикажан и во Центарот за култура „Марко Цепенков” - Прилеп (со почеток од 26-ти мај) и во ОУ Крсте Петков Мисирков - Свети Николе (со почеток од 3-ти јуни). Гости на Кинотека на Македонија ќе бидат Кармен Лотка - директор на Хрватската кинотека и Младен Буриќ - филмолог и режисер.