Печати

„Живот со патрдии” од Мирјанка Р.Селчанец

 



(5 јуни) Најновото авторско остварување на Мирјанка Р.Селчанец, романот „Живот со патрдии” беше промовиран на сцената „105” во Центарот за култура. Својот творечки потенцијал овој пат авторот со почит го насочи кон животот и делото на неповторливиот Миле Попоски. Промотор на романот беше проф.Д-р Александар Стерјовски и актерот и режисер Коле Ангелески, а со својот настап промоцијата ја збогатија и актерите Виолета Чакарова и Андон Јованоски.