Печати

Актери во театарот Војдан Чернодрински - Прилеп

Најдо Тодески Цветанка Чавлеска Андон Јованоски

Најдо Тодески (1956)

Станува дел од ансамблот на театарот во 1981 година, во кој остварува 130 улоги. Со своето долгогодишно присуство на сцената реализира бројни улоги соработувајќи со режисерите Илија Милчин, Владимир Милчин, Васил Ќортошев, Бранко Ставрев, Бранко Брезовац , Љупчо Ѓоргиевски, Коле Ангеловски, Ацо Алексов итн. Од бројни главни и епизодни улоги кои ги има остварено ги издвојува Куцар Албена р. Иван Караџов,  Јасон Медеја р. Стојан Стојаноски, Панојот Железно пиле р. Љубиша Георгиевски. Од 1986 до 2000 година ја води Младинската аматерска сцена при театарот Војдан Чернодрински каде како режисер има реализирано околу 14 претстави од кои неколку се наградени на ДАФ во Кочани. За 20 години јубилеј од неговото приклучување во ансамблот, во 2001 година ја спрема монодрамата Сократ. Во 1988 година ја добива наградата за млад актер ТРАЈКО ЧОРЕСКИ за улогата Тејо Крај во Клаустрофобична комедија во режија на Стојан Стојаноски.

Цветанка Чавлеска (1956)

Како аматер почнува да работи од 1972, а вработена како професионална актерка од 1982 година во театарот Војдан Чернодрински-Прилеп. На матичната сцена има играно во околу 80 претстави, доминантно во дела од комедиографски жанр. Во 1972 година добива награда за Најдобра женска улога на Републичка аматерска драмска смотра во Битола во претставата Полноќна кражба во режија на Блаже Алексоски. Од своите актерски остварувања ги издвојува улогите на Твиги во Кожа во режија на Блаже Алексоски, Лепа Фурнаџиката во Собирен центар р. Коле Ангеловски, Сарка во Нажалена фамилија р. Блаже Алексоски, Љупка во Оркестар Титаник р. Игор Трпчески, Маре во Фани Мани и Од кол на кол р. Коле Ангеловски, како и Фјокла во Женидба р. Александар Товстоногов.

Андон Јованоски (1957)

Почнува да работи како аматер во 1972 година, а од 1982 е редовно вработен како професионален актер во театарот Војдан Чернодрински. Со своето скоро пет децениско присуство на прилепската театарска сцена има реализирано преку 150 улоги од кои повеќе од 60 носечки и значајни остварувања. Има работено со голем број на домашни и странски режисери од кои ги издвојува улогите на Цанде во Солунски патрдии во режија на Коле Ангеловски, Кречински воСвадбата на Кречински р. Стојан Стојаноски, Мурк во Тапани во ноќта и Аздак во Кавкаски круг со креда р. Мартин Кочовски, Таткото во Антица р. Бранко Брезовац, Бред Шнајдер во Добриот војник Швејк р. Мартин Кочовски каде за епизодна улога ја добива наградата ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ на МТФ Војдан Чернодрински во  2014 година. Има остварено бројни филмски и ТВ улоги во Народни приказни, Македонски народни приказни, Бог да ги убие шпионите, Солунски патрдии итн.

 

Марјан Чакмакоски Виолета Чакарова Игор Трпчески

Марјан Чакмакоски (1958)

Во театарот Војдан Чернодрински почнува како аматер, а подоцна се запишува на Факултетот за драмски уметности во Скопје и дипломира во 1984 година во класата на професор Љубиша Георгиевски. Од 1985 е редовно вработен и од тогаш има остварено бројни носечки улоги и значајни остварувања на матичната сцена како и гостувања во други театри во Македонија. Има соработувано со голем број на режисери како и од постарата така и од помладата генерација. Од неговата театрографија ги издвојува остварувањата на Смирноф во Крчма крај патот р. Бранко Ставрев, Живоин во Маките на Живоин р. Ацо Алексов, Раштаков во Пасквелија р. Љубиша Георгиевски, Војводата во Суд р. Стојан Стојаноски. Има гостувано во други театри во Македонија и остварено бројни филмски и ТВ улоги во Народни приказни, Тврдокорни итн. 

Виолета Чакарова (1961)

Пред своето вработување во театарот како професионална актерка во 1984 година, работи две како актер-аматер во истиот ансамбл. До денес има одиграно преку 70 главни и епизодни на матичната сцена. Уште на почетокот на нејзината кариера и е доверена главната улога на Коштана во истоимената пиеса во режија на Петре Прличко со која се пробива на домашната театарска сцена во 1982 година. Во 1990 на МТФ Војдан Чернодрински ја добива наградата за млада актерка за своето остварување во претставата  Големиот брилијантен валцер во режија на Стојан Стојаноски. Од својата театрофрафија ги издвојува своите соработки во сите претстави на матичната сцена во режија на Мартин Кочовски и Коле Ангеловски, како и улогите во Буре Барут во режија на Наташа Поплавска, Бисера во Духот на слободата, Кате во Разбуди се Катер. Благоја ДамескиМаките на Живоин р.Ацо Алексов итн. 

 

Игор Трпчески (1974) 

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владимир Милчин во 1997 година, а во 2005 година специјализира режија во Националната Академија за Театарска и Филмска уметност НАТФИЗ во Софија, Бугарија во класата на проф. Крикор Азарјан. Како актер има учествувано во преку 40 театарски претстави на матичната сцена и во неколку продукции како гостин во различни театри во Македонија. На сцената на театарот Војдан Чернодрински ги поставува претставите Оркестар ТитаН од Христо Бојчев, Дневникот на Лудиот од Гогољ, Јас од Илија Димоски, Шаторо од Петар Петрески, “Delirium tremens” од Благоја Ристески- Платнар. Добитник е на бројни награди меѓу кои се Гранд при на Лица без маски и Гранд при на ДАФ Кочани за Приказна за војникот од Шерл Ф. Рами, Најдобра претстава и Најдобра машка улога на интернационалниот фестивал АЛБА МОНО во Корча Албанија за претставата Delirium tremens. Од 2003 го регистрира Здружението на граѓани  Театарска Работилница и работи на повеќе детски, младински и аматерски претстави и проекти.

 

10 8 9

Зоран Иваноски (1984) 

Во 2007 година се стекнува со диплома за Драмски Актер завршувајќи на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф.Владо Цветановски и асс.Мими Таневска. По своето дипломирањето работи на неколку театарски проекти во Македонскиот народен театар за од 2008 година редовно да се појавува на сцената на театарот Војдан Чернодрински во Прилеп каде од 2009 година е редовно вработен. Има остварено повеќе од 30 улоги од кои “Тапани во Ноќта”, р.Мартин Кочовски, “Tаму каде што не сум бил”, р.Зоја Бузалковска, “Крпен Живот”, р.Владо Цветановски, “Кафкаски круг со креда”, р.Мартин Кочовски, “Антица”, р.Бранко Брезовац, “Tартиф”, р.Кирил Петрески, “Змејовата невеста”, р.Нела Витошевиќ, “Буре барут”, р.Наташа Поплавска, “Сон на летната ноќ”, р.Нела Витошевиќ, “Figurae veneris historiae”, р.Наташа Поплавска, “Казимир и Каролина”, р.Нела Витошевиќ и “Глембаеви”, р.Бранко Брезовац. Во 2018 година ја има добиено Наградата за споредна машка улога за Мајсторот во “Figurae veneris historiae” р. Наташа Поплавска на фестивалот на Актерот во Никшиќ, Црна Гора.

 

Марија Спиркоска Илијеска (1983)

Почнува да работи во театарот Војдан Чернодрински како актер аматер, а потоа се запишува на студии по актерска игра на НАТФИЗ во Софија Бугарија, а потоа се префрла на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владо Цветановски и асс. Мими Таневска каде дипломира во 2007 година. Има остварено преку 40 улоги во театарот Војдан Чернодрински каде е редовно ангажирана од 2002 година. Од својата театрографија ги издвојува остварувањата во претставите „Крпен живот“ р. Владо Цветановски, “Тапани во ноќта” р. Мартин Кочовски, “Антица” р. Бранко Брезовац, “Змејовата невеста” р. Нела Витошевиќ, „Буре барут“ р. Наташа Поплавска, „Сон на летната ноќ“ р. Нела Витошевиќ, „Ајнштајновите сништа” р. Слободан Унковски, „Хроника на еден сон“ р. Ивана Ангеловска, „Пиреј“ р. Љупчо Ѓоргиевски и „Клетници“ р. Мартин Кочовски. Во 2018 година ја добива наградата за најдобра женска улога на МТФ Војдан Чернодрински за улогата на Велика во „Пиреј“ р. Љупчо Ѓоргиевски. Од 2018 година го организира Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ во Прилеп. 

Наташа Наумоска (1983)

Почнува да се занимава со актерство уште во средношколските денови играјќи како аматер во младински претстави. Во 2006 година дипломирана Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Кирил Ристески и асс, Зоја Бузалковска. Од 2002 година е хонорарно ангажирана во театарот Војдан Чернодрински, а од 2008 година е редовно вработена. Има остварено околу 40 улоги на матичната сцена и соработувано со бројни тетарски режисери меѓу кои во Магбет р. Коле Ангеловски, Тапани во ноќта р. Мартин Кочовски, Крпен Живот р. Владо Цветановски, Антица р. Бранко Брезовац итн. Има остварено филмски улоги во „Контакт“ - режисер Сергеј Станојковски, „Караула“ - режисер Рајко Грлиќ, „Сенки“ - режисер Милчо Манчевски, „Стапица“ - режисер Аљоша Симјановски, Трето полувреме – Дарко Митревски, Балканот не е мртов – Александар Попоски и Лазар – Светозар Ристоски.

 

10 11 12

Ангела Наумоска (1990) 

Од 2008 година игра на сцената на театарот Војдан Чернодрински како актер-аматер, за во 2014 да дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери во класата на проф. Зоја Бузалковска и асс. Александар Степанулески. Од 2014 година е вработена во театарот Војдан Чернодрински каде има остварено многу улоги меѓу кои Змејовата невеста р. Нела Витошевиќ, Во сенката на ветрот р. Југослав Кочовски, Хроника на еден сон р. Ивана Ангеловска, Арапска ноќ р. Зоја Бузалковска, Клетници р. Мартин Кочовски, “Figurae Veneris Historiae” р. Наташа Поплавска. Во 2018 почнува да го организира Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ во Прилеп. Ги има освоено наградите за главна женска улога за улогата на Фантин во “Клетници” р. Мартин Кочовски на МТФ Војдан Чернодрински во 2017 годинаи награда за споредна женска улога, за улогата на Госпоѓицата во “Figurae Veneris Historiae” р. Наташа Поплавска на фестивалот на Актерот, во Никшиќ Црна Гора во 2018 година.

 

Даниела Иваноска (1978)

Во 2005 година се стекнува со диплома за Драмски Актер завршувајќи на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф.Владимир Милчин и асс.Сузана Киранџиска. По дипломирањето игра на сцените на Македонскиот народен театар и Драмскиот театар во Скопје, соработувајќи со режисерите Томи Јанежиќ, Слободан Унковски, Златко Славенски, Дејан Пројковски и Јован Ристовски, а од 2008 година почнува да работи во театарот Војдан Чернодрински во Прилеп каде има остварено бројни улоги меѓу кои “Тапани во Ноќта” р.Мартин Кочовски, “Госпоѓица Јулија” р.Кирил Петрески, “Крпен Живот”, р. Владо Цветановски, “Калигула”, р.Зоја Бузалковска, “Обѕрни се во гнев”, р. Кристина Димитрова, “Figurae Veneris Historiae”, р.Наташа Поплавска, “Глембаеви”, р. Бранко Брезовац. Има остварено филмски улоги во “Бал Кан Кан”, р. Дарко Митревски, “Боли ли? Првата Балканска догма” р.Анета Лешниковска, “Втора Шанса”, р. Марија Џиџева, “Дедо и Внук”, р. Илија Пиперковски како и во ТВ серија за деца “Зоки Поки”, р.Александар Поповски, Марија Апчевска, Даријан Пејовски, Радован Петровиќ во 2019 година. Во 2014 година ја добива наградата за споредна женска улога на Фестивалот на Актерот во Никшиќ, Црна Гора за Алтана во Буре Барут во режија на Наташа Поплавска.

 

Димитар Црцороски (1986)

Уште како дете активно се вклучува како актер-аматер во детските и младинските претстави кои се во продукција на театарот Војдан Чернодрински. Дипломира во 2009 година на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на професор Владимир Милчин и асистент Сузана Киранџиска со претставата “Вртелешка” од Артур Шницлер. Во театарот се вработува во 2010 година и до сега во продукција на својата матична куќа има одиграно преку 35 улоги и околу десетина во независни театарски продукции. Поважни улоги во неговата професионална кариера се Жилбербрант во “Глембаеви” р. Бранко Брезовац, Андрија во “Семејни приказни” р. Милош Б. Андоновски, Гаврош во “Клетници” р. Мартин Кочовски, Пинус во “Ништо без Трифолио” р. Коле Ангеловски, Жо во “Во сенката на ветрот” р. Југослав Кочоски.

13 14 15

Јасмина Мицковска - Станкоска (1983) 

Дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владимир Милчин во 2005 година на отсекот драмски актери. Во театарот е вработена од 2006 година и од тогаш има соработувано со многу режисери и има остварено околу 40 улоги на матичната сцена меѓу кои во Крпен живот р. Владо Цветановски, Кавкаски круг со креда р. Мартин Кочовски, Ајнштајновите соништа р. Слободан Унковски,Змејовата невеста р. Нела Витошевиќ итн. Во 2005 година на 25 Интернационален фестивал за детски театар во Суботица добива награда за актерско остварување за Шутот во Кралот Кускуле Први р. Коле Ангеловски во продукција на Театарот за деца и младинци Скопје, а 2006 година ја има добиено наградата за млад актер ТРАЈКО ЧОРЕСКИ на МТФ Војдан Чернодрински Сестрата во Роберто Зуко р. Кирил Петрески.  

 

Димитар Ѓорѓиевски (1984) 

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владо Цветановски и асс. Мими Таневска во 2007 година, а се вработува во театарот Војдан Чернодрински во Прилеп во 2008 година. Има остварено повеќе од 25 филмски и ТВ улоги во домашни продукции меѓу кои се издвојуваат улогите во целовечерните филмови на Илија во Втора шанса р. Марија Џиџева, Ноа во Жената што си ги избриша солзите р. Теона Митевска, Симон во Мајки р. Милчо Манчевски. Има остварено значајни улоги во матичниот театар и во други продукции меѓу кои се издвојуваат Казимир во „Казимир и Каролина“ р. Нела Витошевиќ, Борис во „Буре Барут“ р. Наташа Поплавска, Антон во „Таму, каде што не сум бил р. Зоја Бузалковска и Џими во „Обѕени се во гнев“ р. Кристина Димитрова за која ја има освоено Н.Е.Т.А. за современ сценски израз на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица во 2016 година и на истиот фестивал Н.Е.Т.А. за оригинална интерпретација на музика и актерска изведба во претставата „Буре барут“ во 2014 година.

 

Александар Тодески (1983)

Дипломира акерска игра во 2006 година на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Кирил Ристески и асс. Зоја Бузалковска.  Од 2007 година е редовно вработен во театарот Војдан Чернодрински каде има одиграно во повеќе од 50 премиери. Има соработувано со многу режисери, но најголемо искуство има добиено од соработките со Владимир Милчин, Слободан Унковски, Бранко Ставрев и Владо Цветановски. Има остварено улоги во сите 5 претстави на Мартин Кочовски и со кои има гостувано и добиено колективни награди на многу домашни и интернационални фестивали. Меѓу улогите кои ги има толкувано се Маркусво Клетници р. Мартин Кочовски и Дебелиот во Хроника на еден сон р. Ивана Ангеловска. Исто така има остварено улоги во домашни ТВ серии (Итар Пејо, Преспав, Тврдокорни) и  одиграно епизодна улога во филмот на режисерот Столе Попов До Балчак

16 17

Катерина Чакмакоска Клинческа (1986) 

Првата улога на сцената на театарот ја одигрува на 7 годишна возраст во претставата Јунаците од бајките пеатр. Петар Димоски, а потоа како аматер продолжува да игра во многу други младински претстави.  Дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владо Цлетановски и асс. Мими Таневска во 2012 година, а веќе од 2013 година е вработена во театарот Војдан Чернодрински. Меѓу улогите кои ги има остварено се Груша Кавкаски круг со креда р. Мартин Кочовски, Елена Сон на летната ноќ р. Нела Витошевиќ, Каролина Казимир и Каролина р. Нела Витошевиќ, Алисон Обѕрни се во гнев р. Кристина Димитрова, Вдовицата “Figurae Veneris historie” р. Наташа Поплавска и Милена Семејни приказни р. Милош Б. Андоновски. Во 2015 година е номинирана во весникот ДНЕВНИК за актерка на годината за улогата Евдокија Буре Барут р. Наташа Поплавска.

 

Михајло Миленкоски (1987)

Дипломира актерска игра во 2009 година и магистрира во 2011 година на Факултетот за драмски уметности ,,Јон  Лука  Караџиале’’ – Букурешт, Романија. Од 2013 година е вработен во театарот Војдан Чернодрински. Има соработувано со бројни режисери во своите професионални ангажмани во Романија и Македонија. Меѓу режисерите со кои има соработувано се Мирчеа Русу, Алксандру Житеа, Џелу Колчаг, Михаи С. Груја, Јован Ристовски, Наташа Поплавска, Нела Витошевиќ, Југослав Кочоски, Мартин Кочовски, Кирил Петрески, Коле Ангеловски и Љупчо Ѓоргиевски. На матичната сцена има остварено бројни улоги меѓу кои Гела во Буре Барут р. Наташа Поплавска, Муцка во Сон на летната ноќ р. Нела Витошевиќ, Трескот во Погребални игри р. Југослав Кочоски, Полковникот во Клетници р. Мартин Кочовски, Доксим Тренчоски во Пиреј р. Љупчо Ѓоргиевски. Во 2012 година е основач на Театар Крушево.
Martin Kocovski, reziser 18 Kristina Dimitrova, reziser

Мартин Кочоски (1977) - режисер 

Кочовски еден од најуспешните и најталентираните македонски театарски режисери  кој активно работи како и на домашната така и на балканската театарската сцена од 2001-ва година. Дипломира на НБУ (Нов бугарски универзитет) Софија, Бугарија на тетарска режија во класата на Васкресија Вихарова. Тој е препознатлив на домашната публика по неговите поставки на Бертолт Брехт кои со својата специфичност предизвикаа исклучителен интерес, особено на македонската театарска сцена. Од неговите позначајни претстави може да се издвојат: “Тапани во ноќта” од Брехт за која има добиено Сребрен ловоров венец како и наградата ЈУГОСЛАВ КОРЕНИЌ за најдобар режисер до 30 години на Театарскиот фестивал MESS во Сараево, БиХ во 2008година, како и Награда за најдобра режија и Награда за најдобра претстава во целина на МТФ Војдан Чернодрински во 2009 година; “Кавкаски круг со креда” од Бертолт Брехт со која во 2010 година добива награда за Најдобра претстава во целина на МТФ Војдан Чернодрински, Гран при –  фестивал "Ристо Шишков" Струмица и Награда од публиката за најдобра претстава на фестивалот "Ex Ponto" Љубљана, Словенија во 2011; “Друга страна” од Дејан Дуковски за која има добиено Награда на интернационалното жири за храбро барање на нови форми на режисерот  "Фестивал на малите театарски форми" Враца , Бугарија во 2010, Награда од критика за најдобра претстава, MESS – Сараево БиХ како и Специјална награда "Јоаким фест 09" , Крагуевац, Србија во 2009 година; “Швејк во Втората светска војна” од Бертолт Брехт;  “Баал” од Бертолт Брехт; “Поблиску” од  Патрик Марбер; “За домот се работи” од Горјан Милошевски; Човекот кој не знаеше да каже: НЕ!“ од Горјан Милошевски за која има добиено Специјална награда за режија - фестивал " Ристо Шишков " Струмица;Коските што доаѓаат доцна” од Дервиш Теки со која добива Гран при на Меѓународниот театарски фестивал во Букурешт, Романија  во 2016 година како и Награда за режија - фестивал " Ристо Шишков " во Струмица и Најдобра претстава на Република Косово” доделена од Министерство за култура на Република Косово во 2017 година; “Кирил и Методиј, who are you” од  Јордан Плевнеш за која има добиено Гран при –  фестивал " Ристо Шишков " во Струмица  и “Клетници” на Виктор Иго по драматизација на Горјан Милошевски за која има добиено награда за Најдобра претстава во целина на МТФ Војдан Чернодрински во 2018 година. 

 

Кирил Петрески (1971) - режисер 

Дипломира на катедрата по театарски режисер на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Слободан Унковски и асс. Златко Славенски со претставата „Фарса за Храбриот Науме“ од Русомир Богдановски на сцената на НТ Војдан Чернодрински Прилеп. Од своето дипломирање работи во театарот Војдан Чернодрински а од  2013 година е редовно вработен како драматург/режисер. На матичната сцена ги има поставено претставите „Уште една за по пат“ од Харолд Пинтер, „На трета мајка“ од Петар Петрески, „Духот...“ според дела на Војдан Чернодрински и Горан Стефановски, „Сатирикон или Големата гозба“ од Петрониј Арбитер (драматизација Русомир Богдановски), „ММЕ кој прв почна“ од Дејан Дуковски (младинска сцена), „Роберто Зуко“ од Бернар-Мари Колтес, „Четвртата сестра“ од Јануш Гловацки, „Малиот принц“ од Антоан де Сент-Егзипери,  „Маратонците го трчаат почесниот круг“ од Душан Ковачевиќ,  „Сонот на Цепенков“ според Марко Цепенков, „Како се станува Цар“ од Афродита Кирјаковска, „Претставата Хамлет во селото Долна Мрдуша“ од Иво Брешан, „Демократија!“ од Јосиф Бродски. На сцената на НТ Трајко Прокопиев Куманово ги поставува „Варијации: Диви пајки“ од Дејвид Мамет и „Не играј на Англичани“ од Владимир Ѓурѓевиќ дедека пак во НТ Григор Прличев Охрид „На дното“ од Максим Горки. 

 

Кристина Димитрова (1985)  - режисер 

Дипломира на Факултет за драмски уметности во Скопје во 2013 година во класата на Слободан Унковски и Златко Славенски. Од 2015 година е вработена како театарски режисер во театарот Војдан Чернодрински во Прилеп. На матичната сцена ја поставува „Обѕрни се во гнев“ (2016) на Џон Озборн и ги добива наградите: Ристо Шишков – Струмица - Награда за главна машка улога и Награда за колективна актерска игра на фестивалот „Международния фестивал на камерните театри на НЕТА - Враца 2018“. Во 2017 година запишува магистерски студии по театарска режија на чешки јазик, во Janáčkova akademie múzických umění (ЈАМU) во Брно, во класата на Јозеф Ковалчук, Бретислав Рихлик и Марек Хорошчак. Работи како асистент на режија во „Východočeské divadlo Pardubice “ на претставата „Злочинот на Калиб“ во режија на Б. Рихлик. Претставата „Антигона“ на Софокле (2019) ја режира „Buran teatr“ во Брно, Чешка. Во 2019 година работи на претставата „Мурлин Мурло“ на Николај Кољада во „Албански театар“ – Скопје.

 

Ivana Nelkovska, dramaturg Lidija Mitoska - Gorgiovska, dramaturg  

Ивана Нелковска (1987)  - драматург 

Дипломира на катедрата по Драматургија во класата на професор Русомир Богдановски во 2011 година на ФДУ во Скопје, а магистрира на катедрата по Драматургија во класата на професор Ненад Прокиќ во 2019 на ФДУ во Белград. Има работено на неколку проекти кака филмски и телевизиски сценарист  (Бумеранг продукција , Хоризонт продукција, Навигаторс ПР, Квазар Филм, New moment video house, Македонска Национална Телевизија). Од школската 2018/2019 година е демонстратор на ФДУ во Скопје по предметот Драматургија водена од професорката Маја Стевановиќ. Вработена е како Драматург во театарот “Војдан Чернодрински” од 2015 година. Има соработувано со многу режисери меѓу кои се Слободан Унковски, Коле Ангеловски, Љубиша Ристиќ, Горан Головко, Љупчо Ѓоргиевски, Милош Б. Андоновски, Нела Витошевиќ. Нејзиниот драмски текст “Хроника на еден сон” во режија на Ивана Ангеловска е премиерно изведен во театарот “Војдан Чернодрински” во 2017 година. Од 2013 година е ко-основач на Здружението за граѓани КОЛЕКТИВ ВЕТЕРНИЦА и редовен професор по танцов театар за деца и млади во чии рамки има создадено 17 претстави од деца за деца и учествувано на 16от Интернационален симпозиум на театарски критичари на СТЕРИЈНО ПОЗОРЈЕ 2018, Нови Сад, Србија

 

Лидија Митоска - Ѓоргиовска (1984- драматург  

Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрата за англиски јазик и книжевност, насока преведување.Своето образование го до оформува на пост дипломските студии при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“  во Скопје, на студиската програма Наука за книжевноста, каде што магистрира на тема „Деконструкцијата и преведувањето драмски текстови врз примери од драмите на Семјуел Бекет“. Како стипендист на Европската Комисија, спроведува научно истражување на Факултетот за книжевност при универзитетот Сапиенца во Рим, Италија. Работи како преведувач и како предавач по англиски јазик, а од 2014 година работи како драматург во Театар „ВојданЧернодрински“ – Прилеп. Нејзините преводи и дела се објавувани од ИП Култура, Окно, Македонскиот центар на ИТИ, како илитературните списанија „Блесок“, „Стремеж“  итн. Посетувала бројни книжевни конференции, семинари,  летни школи и работилници од повеќе области.

 

 

7  17

Nikola Nastoski, akter 

Владимир Ѓорѓиоски

поранешен актер на ансамблот

Александар Степанулески

поранешен актер на ансамблот

 

Никола Настоски

поранешен актер на ансамблот