• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share

„ЗЕМЈА“- изложба од Бојана Артиновска Трпческа

Во ликовниот салон отворена е изложбата „Земја“ од нашата уметница Бојана Артиновска Трпческа. ( 20.05. до 2.06.2022).

Современите еколошки концепти кои се однесуваат на заштита и чување на природниот екосистем: зголемување на свесноста за припрадноста на човекот во природата, неговото влијание врз неа преку разните активности, реципрочниот меѓусебен однос и обидите за создавање на живот усогласен со животната средина, претставуваат движечка сила и мотивација за создавање на најновиот сликарски циклус на академската уметница Бојана Артиновска Трпческа, за кој историчарот на уметност Викторија Димеска вели дека е создаден по инспирација од древната кинеска мудрост – фенг шуи.

20220520_201519.jpg 20220520_193934.jpg 20220520_193839.jpg 20220520_193917.jpg 20220520_193940.jpg 20220520_193928.jpg 20220520_193920.jpg 20220520_194208.jpg

- Таа создава боени апстрактни пејзажи, поделени во две фази: зелена и кафена. Зелената фаза е насловена „Зародиш на бујноста“ и неа ја сочинуваат апстрактни пејзажи во кои изобилуваат тонови на зелената боја – метафора за создавањето на животот, дарежливоста и плодноста на земјата. Кафената фаза ја сочинуваат боени апстракни композиции во кои преовладува широк спектар на кафени тонови и нијанси: тргнувајќи од транспарентни окер тонови и финиширајќи со интензивни кафено-виолетови нијанси. Во оваа втора фаза кафената боја ја симболизира темнината, стабилноста и потпората . Со транспонирањето на функцијата „мајка“ врз мотивот земја и изборот на бојата како ликовен елемент, транформирајќи ја во метафора: зелена боја – плодност и изобилство, и кафена боја – темнина и потшората, уметницата Трпческа создава воодушевувачки композиции во коишто се отелотворува женскиот принцип. Дополнително, овие апстрактни пејзажи со еколошки асоцијации претставуваат и боени интервенции кои делуваат на внатрешниот амбиент во просторот – потенцира Димеска.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на минијатури од Зоран Арсовски

Во Ликовната галеријат отворена e изложба на минијатури „Тектонски пореметувања“ -2 од визуелниот уметник Зоран Арсовски – Бабата.( 20.05 до 2.06.2022).

На ова изложба се претставени над шеесетина дела коишто се изработени во маслена и акрилна сликарска техника. Арсовски е познат по своите концептуални изложби кои секогаш носат силни пораки па така и оваа изложба се трансформира во еден необичен свет којшто е реален како и секој друг и живее на сликарското платно но и во окото на гледачот, којшто молчи и гласно ги изразува своите пораки во зависност од тоа кој е перцепиентот на тој дел креативна реалност... Овој опус на дела треба пред се да се разбере како крик и последно предупредување до сите луѓе коишто ја сакаат оваа планета и можат со своето влијание да помогната во зачувувањето на животната средина, но и како дел од една единствена интимна авторска креација којашто е посветена на еколошката идеја.

Зоран Арсовски – Бабатa дипломирал и магистрирал на Националната Ликовна Академија во Софија на катедрата за визуелни уметности, насока Сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Има реализирано 14 самостојни изложби од кои дел се пред Меѓународната ликовна сцена. Учествувал на повеќе групни изложби, ликовни колонии, проекти, работилници и симпозиуми во земјава и странство. Член е на ДЛУМ. За својата работа има добиено повеќе награди и признанија.

20220520_192032.jpg 20220520_192028.jpg 20220520_193349.jpg 20220520_185806.jpg 20220520_190225.jpg 20220520_190238.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

ОБЈАВЕН ПРВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „СТРЕМЕЖ“ ЗА 2022

Корица Стремеж 1 2022Првиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ за 2022 година излезе од печат.

Во рубриката Режисерите пишуваат застапени се песни и расказот „Сеништето од кино Младина“ на Наум Пановски, есејот „Уметност, насилство + општество; тон, ритуал и функција; неколку белешки“ на Милчо Манчевски, песни и запис на Антонио Митриќески, „Четири белешки на качувачот по пирамиди“ на Горан Тренчовски, есејот „Мојата прва книга“ на Звездана Ангеловска, расказот „Кај што Брисел оди пеш или санитарен преглед на нашите европски интеграции“ на Дарко Митревски, „Забелешки за претстави“ на Мартин Кочовски и три куси прози на Ана Алексовска.

Во рубриката Поезија во првиот број на „Стремеж“ за 2022 година се објавени нови песни од Сузана Ѓорѓиевска, Весна Мундишевска-Велјановска, Филиз Мехметоглу, Наташа Сарџоска и Тања Крмзова Костиглиола.

Во рубриката Проза читателите можат да ги прочитаат расказите „Авантура“ на Оливера Николова, „Невен Невин“ на Петар Петрески, „Планот на куќата“ на Сашо Димоски, „Даскалот...“ на Јована Матевска-Атанасова, „Рушете ги предрасудите, а не оградите“ на Благица Ѓорѓиевска, како и пет куси-куси раскази на Даниела Андоновска-Трајковска.

Рубриката Нови гласови ја промовира поезијата на младата македонска авторка Исидора Хениг.

Овој број на „Стремеж“ преку препевот на Никола Маџиров ја претставува поезијата на годинешниот лауреат на „Струшките вечери на поезијата“ - Шунтаро Таникава. Исто така, во рубриката Препеви, преводи застапена е поезија на нобеловката Луиз Глик во препев на Никола Маџиров, песни на српскиот автор Милош Лазаревиќ препеани од Сашо Огненовски и раскази на словенечкиот писател Андреј Блатник преведени од Лидија Димковска.

Во рубриката Критики, есеи, студии Васил Тоциновски пишува за монодрамата „Т҆ га за југ“ на Душан Ристевски-Македон, Оливера Ќорвезироска го интерпретира романот „Хотел меѓу две војни“ на Александар Русјаков, Весна Мојсова-Чепишевска посветува омаж на Чашуле, а Звонко Димоски ја чита кратко визуелно и културолошки драмата „Трудници“ на Габриела Стојаноска-Станоеска.

Последната рубрика IN MEMORIAM им оддава чест на авторите Радован Павловски, Луан Старова и Драги Михајловски преку спомените за нив на Иван Антоновски во текстот „Незгаснато соѕвездие“.

Списанието „Стремеж“ го издава Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп со поддршка на Министерството за култура.

 
PDF Печати Е-пошта
Share

278201899 4940931899332431 3295943080791246149 n

280539422 1225607358247420 8507745351470174091 n

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела од ДЛУП

Во Ликовната галерија е отворена Годишната изложба на дела од ДЛУП (Друштво на ликовни уметници на Прилеп.

На изложбата,  од 6 мај до 19 мај 2022, изложени се дела од 27 прилепски уметници. (Методи Исков,  Маја Најдоска,  Елена Димоска,  Анита Сотироска,  Александар Џинго, Марта Макеска, Емил Солески, Емил Димоски, Бојана А.Трпческа, Александра Богоеска, Филип Перески, Верче Николоска, Павлина Илијеска, Лепа Милошевска, Ферди Булут, Славчо Павлески, Марјан Стојаноски, Васил Костов, Дарко Талески, Давид Атанасоски, Атанас Атанасоски, Драган Верговски-Алпи, Михајло Ристески, Тони Трајковски, Златко Крстевски, Михаил Паскоски и Марија Ѓорѓијоска).

20220506_195400.jpg 20220506_123553.jpg 20220506_193752.jpg 20220506_195510.jpg 20220506_192500.jpg 20220506_192452.jpg 20220506_192519.jpg 20220506_192329.jpg 20220506_192420.jpg 20220506_194835.jpg 20220506_192321.jpg 20220506_194816.jpg

-Одржувајќи го континуитетот  на неуморна ликовна креација, членовите  го промовираат најновото сопствено творештво. Членовите се претставуваат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата страст. Културата е нешто што треба да има континуитет  и одржување  за да може да се пренесе на идните генерации. Па затоа преку уметноста се надевам дека ќе оставиме белег кој ќе биде од општествено и културно значење – вели Методи Исков, претседател на ДЛУП.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

DLUP izlozba22

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Персона“ од Филип Цакоски

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп e отворена изложбата „Персона“ од прилепскиот уметник Филип Цакоски. ( од 20.04 до 5.05.2022г.).

На Филип Цакоски ова му е прва самостојна изложба во Прилеп, поддржана од Министерството за култура во годишната програма за 2022 на Центарот.

„Персона“ е изложба проследување, продлабочување во битието позади физичкиот изглед и како човекот се претставува. Внатрешните потреби, пориви, скриени или навидум заборавени желби, фантазии и незадоволства- како сила која во позадина управува со нашата личност (персона) која ја креираме пред другите – вели авторот.

20220420_190738.jpg 20220420_125330.jpg 20220420_191954.jpg 20220420_125504.jpg 20220420_125355.jpg 20220420_194844.jpg 20220420_125404.jpg 20220420_125442.jpg 20220420_192352.jpg 20220420_125417.jpg

Според поетот Филип Димкоски, изложбата „Персона“ од вајарот Филип Цакоски, може да се разгледува и како своевидно продлабочување на мотивите што го окупираа во претходната негова изложба „Обвивки“, но и како сосема самостоен концепт со нови перцепции ...

-Ако во првата изложба го увидовме постоењето на кожурците, обвивките и маските, кои не нѝ даваат да дишеме и да се претставиме онакви какви што сме, овде во новите единаесет дела, обвивките полека паѓаат и се отвора можноста да се види личноста со својата посебност и своето достоинство. ... Оваа изложба е една можност да погледнеме во себе(не)совршенството, да навлеземе малку подлабоко во нас и да откриеме колку личности, колку лица и наличја криеме во нас самите. Тоа трагање кон внатрешните светови на самите нас, го обојува животот со смисла за постоењето..Од тие длабочини надоаѓа и уметничкиот порив кој Цакоски го материјализира преку своите дела и го подарува на публиката со цел да овозможи на уметничка наслада, но и да поттикне, да запраша, да замисли, да порача... вели Димкоски.

За авторот

Филип Цакоски, 1998, Прилеп, Република Македонија е дипломиран вајар на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, отсек вајарство, модул сценографија, во класа на проф. м-р Жарко Башески.
Член на ДЛУМ од 2020 година, учесник на повеќе групни изложби и настани, во и надвор од државата.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

plakat izlozba od Filip Cakoski

 
PDF Печати Е-пошта
Share

ИЗЛОЖБА „ГЕОЛОШКИ ПРЕСЕК 2„ - ИНСТАЛАЦИЈА ОД ДАВИД АТАНАСОСКИ

Во Ликовната галерија e поставена изложбата инсталација „Геолошки пресек 2“ од прилепскиот уметник Давид Атанасоски. Идејата за реализација на инсталацијата, вели уметникот, се надоврзува на претходните негови заложби во кои рециклирањето има примарно значење.

- Се работи за ѕидна инсталација од отпадни дрва. Имено, дрвените штици ја сочинуваат основата на автономната и интегрирана структура. Строгиот распоред на композицијата, односно стратигафската систематизација и паралелизација на дрвените штици кои ја сочинуваат инсталацијата, ја потенцираат и нејзината архитектонска концепција. Инспирирана е од примарните архитектонски конструктивни елементи, од природната стратиграфија и слоевитост на земјата и севкупната историја, книжевност и наука на човештвото. Вертикално испратените објекти се прилагодливи во релација со урбани и архитектонски затворени простори – објаснува Давид.

Атанасоски досега реализирал самостојни и групни изложби во градов и низ Македонија, а бил дел од ликовни колонии.

20220408_090428.jpg 20220408_185446.jpg Geoloski presek 2.jpg 20220408_190422.jpg 20220408_190320.jpg 20220408_191401.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Видео од настап на КУД „Моминок“

kudmominok2022

 
Повеќе Артикли...
  • ПОЕТСКИ БРАНУВАЊА
  • LA PRIMA VOLTA ZA PRV PAT
  • Поддржани проекти од Министерството за култура сo Годишната програма за 2022 г.
  • Дигитализација на архивата на Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 7 од 81

Изработено од Бучевски Дејан