• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share

 
PDF Печати Е-пошта
Share

На 48 МТФ ,,Војдан Черндорински,,

,,Змејовата невеста,, најдобра претстава

,,Змејовата невеста,, во режија на Нела Витошевиќ, на нашиот театар,, Војдан Ченродрински,, е најдобрата претстава во целина на годинешното 48 издание на МТФ,,Војдан Чернодрински,,(се одржа од 7 до 14.6.2013), а пак режисерот Нела Витошевиќ ја понесе наградата за најдобра режија.

- Претставата е работена по текст кој има вредности, кои го прават особено тежок за уметничка интерпретација. Екипата со режисерот успеала со скромни можности, да ги постигнат целите и претставата функционира, воспоставува одлична комуникација со гледачите кои понесуваат естетско задоволство, кое кај другите претстави не можевме да го откриеме - рече Васе Манчев, претседател на жири комисијата.

Од Центарот задоволни што повторно ја освојуваат престижната награда на фестивалот.

- Наградата е потврда за трудот, ентузијазмот на ансамблот на Театарот и на Центарот. Печат е за се што се залагаме во изминатите години. Нашиот театар е репрезент на македонскиот театар и заслужува да ја претставува Македонија во странство - рече директорот Тони Чатлески.

IMG_1080.JPG IMG_1078.JPG IMG_1075.JPG IMG_1084.JPG foto zmejovata nevesta.JPG IMG_1077.JPG


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на скулптури од Никола Смилков

Изложба на скулптури од д-р Никола Смилков е отворена во галеријата на Центарот. Вајарот пред нашите сограѓани се претставува со 12-ина дела, за кои Горанчо Ѓорѓиевски вели дека се од областа на апстрактно-геометризираната скулптурална форма.

-Секое негово дело е конципирано како монументално дело.  Смилков преку уметноста ги разјаснува своите мисли за скулптурата како неограничен и бескраен простор на изразување - вели Ѓорѓиевски.

Никола Смилков е професор на Универзитетот ,,Гоце Делчев,, во Штип. Досега реализирал повеќе проекти, самостојни изложби во Штип, Скопје, на групни во Велес, Скопје, во Велико Трново и Шумен во Бугарија, Даниловград во Црна Гора, во Србија, Словенија...

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои прва награда за спомен обележјето ,,Бранителите на Македонија,, награда за скулптура на ДЛУМ ,,Димко Тодороски,, како и за Спомен-обележјата Александар трети Велики Македонски  и  Аристотел во Штип.

FUN_9640.JPG nikola smilkov.jpg IMG_9817.JPG FUN_9616.JPG FUN_9614.JPG


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на слики од Колонијата де Ниро

Во салонот на Центарот отворена е ретроспективна изложба на слики од колонијата Де Ниро од Битола (7.6.2013). Претставени се 30 слики работени од уметници од земјата и странство, учесници на колонијата, со која Центарот има традиционална соработка.

Изложбата ја отвори Панде Петровски.

de niro 1.JPG de niro 2.JPG de niro.JPG


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на скулптури од Никола Смилков


 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на графики од Андријана Мациев

Изложба на дела од Андријана Мациев од Скопје е отворена на 10 мај во галеријата на Центарот, на која уметницата се претставува со со околу 30 дела.

Андријана Мациев е дипломиран графичар на ФЛУ - Скопје.  Од 2009  година е член на ДЛУМ. Реализирала повеќе самостојни изложби во Скопје и во Белград, а учествувала на групни во земјата и странство. Учествувале на повеќе колонии, на перформанси и други манифестации.

a.JPG b.JPG c.JPG
 

За нејзиното творештво добитник е на награди, меѓу кои прва награда на фондацијата Драган Аврамоски Гуте, прва награда на НУБ,,Св. Климент Охридски,, награда за придонес во графиката, како и за проектот ,,Звуците на чаршијата,,. 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Куклена претстава - КАЛИФОТ ШТРК

 

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Ликовно сценски перфроманс

Во понеделник 29 април 2013 година на големата сцена се одржа ликовно сценскиот перформанс ,,Ротонда - уметност во просторот,, на кој беше презентирано уметничко дело од сликарот Тони Чатлески, во танц кореографија на Кире Миладиноски.

Со перформансот Центарот ќе го одбележи 29 април - светскиот ден на танцот.

10.JPG 13.JPG 5.JPG
 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Предвелигденски концерт

Во понеделникот 29 април 2013 во Центарот се одржа предвелигденскиот духовен рецитал на кој  настапи црковниот градски хор ,,Свето Благовештение,,.

Под диригентската палка на м - р Гоце Секулоски хорот  исполни повеќе композиции од Динев, Алфеев, Обиходни, Теофаново, К.Макеоднски, Мокрањац,  Г.Секулоски.

SAM_4304.JPG SAM_4299.JPG SAM_4307.JPG

Хорот,, Свето Благовештение,, формиран е  2000 година. Во својот репертоар се определува за негување на македонската духовна традиција, при што покрај прилепскиот автор Атанас Бадев, обработува композиции кои се дел од музичкото творештво на останатите православни земји.

Досега учествувал на повеќе манифестации каде ја презентирал духовната традиција на Прилеп.

Хорот редовно учествува на Светите и Божествени литургии во двата прилепски храма,, Св. Благовештение,, - Стара црква и Св.Кирил и Методиј, каде со своето пеење ја збогатува молитвеноста и благолепието на православната богослужба.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Премиерно куклената претстава Калифот Штрк

На 21 април 2013 Театарот ,,Војдан Чернодрински, премиерно ја прикажа куклената претстава ,,Калифот Штрк,, од Вилхелм Хауф, во режија на Дарко Ковачовски.  Претставата е со кукли - марионетки, која за првпат од ваков вид се поставува во земјата.

fotografija od Kalifot Strk.JPG FUN_8968.JPG FUN_8975.JPG
 

- Актерите заедно со композиторот ги оживуваат куклите, кои со нивниот живот на сцена ја раскажуваат приказната за едно дете кое треба да порасне. Калифот Штрк е претстава за спознавањето и одговорноста - вели Ковачовски, потенцирајќи дека текстот е епски материјал - приказна на Вилхелм Хауф, романтичар кој живеел во 1848 во Германија, а за кој биле интересни темите од Блискиот исток, односно Ориентот.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
Повеќе...
 
Повеќе Артикли...
  • Изложба на дела од колонијата Михајлово - Кавадарци
  • Недела на Романски филм
  • ИЗЛОЖБА НА ПЛАКАТИ РОДЧЕНКО
  • ДИГИТАЛЕН ПРОЕКТОР ДОБИ ЦЕПЕНКОВ
« ПочетокПред71727374757677787980СледноКрај »

Страница 80 од 81

Изработено од Бучевски Дејан