• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2023
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share
САБОТА, 4.12.2021 - 12.00 ч. - голема сала на ЦК „Марко Цепенков“
ATO PLAKAT POST
Влезници по 100 денари на Билетарницата од Центарот во петок, 3.12.2021 од 11 до 13 часот и во сабота 4.12. пред почетокот на претставата  ТРИ е првата професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица во нашата земја на македонски јазик. Претставата, во режија на Јован Ристевски, зборува за еко-катастрофата, за нехигиената, недисциплиата и некултурата на поголемиот дел од населението во нашата земја.
Наменета е за широката детска публика, а актерите паралелно зборуваат говорно и на знаковен јазик.
 Добредојдени се сите љубители на театарската уметност!
 
PDF Печати Е-пошта
Share
Изложба на дела од колонијата Нижополе
Во Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“  отворена е изложба на дела од колонијата Нижополе. (30.11. -10.12.2021).
 Изложени се 20 –ет слики од исто толку уметници, учесници низ годините на колонијата, која постои од 2000-та година.
Ова е само мал дел од големото богатство на дела што ќе бидат на увид пред јавноста во наредните две недели. 
На колонијата „Нижополе“ во изминатите 20 години учествувале и твореле  над 300 учесници од земјата и од странство, кои создале преку 700  уметнички дела.
20211130_123248.jpg 20211130_104153.jpg 20211130_104240.jpg 20211130_124207.jpg 20211130_124551.jpg 20211130_122602.jpg 20211130_104144.jpg

AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

nz22

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Suzanne“ од Ивана Мојсовска

Во Ликовната галерија отворена е изложбата „Suzanne“ од уметницата Ивана Мојсовска. ( 19.11. – 2.12.2021) На Изложбата се изложени две слики и пет фотографии.

Изложбата еинспирирана од веќе реализираниот танцов перформанс во колаборација со кореографката Адријана Данчевска, која е и субјект на овие дела.

-Сузан е измислен карактер кој ни ги пренесува екстремните расположенија на една млада жена која се бори со сопствените емоции и пориви. Во овој проект, карактерот на Сузан е повторно предмет на естетската материјализација каде преку фотографијата како медиум, ги доловувам моментите на екстаза и кинестетичка емпатија. Во дел од фотографиите акцентот е ставен на централниот субјект, односно ја гледаме Сузан во нејзината трансцеденција, додека во останатите дела Сузан е ставена во улога на спектатор и симболично ни ја прикажува сврзаноста на делата со кинестетичката емпатија. Анализирајќи ги танцовите перформанси и фокусирајќи се на перформативноста како процес од кој произлегува некаква акција, се обидувам да го замрзнам тој жив и интензивен момент на одвивањето на самиот уметнички чин – вели уметницата.

Ивана Мојсовскае млад, современ автор кој ги истражува емотивните состојби прикажувајќи ги преку своите експресивни и гестуални записи со кои таа постојано експериментира со нови сликарски медиуми. Делата на Мојсовска кои вклучуваат слики, танцови перформанси, инсталции и фотографија говорат за нејзиниот диверзитет додека експресивноста како правец е задржана во целиот опус.

ELS_0147_resize.jpg ELS_0163_resize.jpg ELS_0164_resize.jpg 6.jpg ELS_0133_resize.jpg hhhh.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

23.11.2021

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 120-та седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.

Поради ова, сите активности во Центарот за култура се ОДЛОЖУВААТ, вклучувајќи ја и претставата „Глембаеви“ што требаше да се одигра вечерва во театарот „Војдан Чернодрински“.

 
PDF Печати Е-пошта
Share

plakat-suzanne

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на скулптури во дрво

Во Ликовниот салон отворена е ретроспективна изложба на скулптури во дрво изработени во текот на 50 години континуирано ликовно творештво во „Интернационалното студио за пластика во дрво“ во организација на Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп.(8.11.- 20.11.2021).

На изложбата, освен 20 –тина скулптури во дрво изложени се и фотографии на дел од изработените скулптури, од кои најголемиот дел се поставени во институции низ државата.

Иложбата е дел од годишната програма за работа на ЦК „Марко Цепенков“ за 2021 поддржана од Министерството за култура, а во присуство на градоначалникот Борче Јовчески, ја отвори Јана Јанеска Ристески историчар по уметност, која посочи дека ликовните работилници континуирано оставаат уметнички дела кои на очигледен начин ја отсликуваат нивната креативност, уникатност и нивниот иновативен карактер.

- Уметничките дела се впишуваат во современите уметнички трендови, дела кои се доста сугестивни, кои отвораат простор на индивидуална авантура, дела кои отвораат нови перспективи и имаат вредност да инспирираат нови концептуални решенија за идните генерации - рече Јана Јанеска Ристески.

ЦСЛУ-Прилеп во континуитет секоја година прави одличен избор на уметници од домашната, но и од меѓународната уметничка сцена, од кои дел се познати и во светски рамки.

-ЦСЛУ-Прилеп континуирано потврдува дека поседува квалитет, компетентност и традиција да носи големи имиња/автори. Индивидуалната нишка на нашето постоење се крие во она што ќе го оставиме позади нас. Богатството кое Прилеп го добива секоја година преку ликовните изрази е наследство кое го оставаме на нашите идни генерации – велат од ЦСЛУ.

20211108_183725.jpg _29A0250.jpg _29A0191.jpg _29A0189.jpg _29A0155.jpg 20211108_183733.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

50cslu

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела од колонијата Дрен 2021

Во Ликовната галерија отворена е изложбата на дела создадени на годинашната Ликовна колонија Дрен 2021.( 3.11. до 15.11.2021).

Изложени се над 20 дела, од сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, нашите уметници Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова – Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ и скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.

Ликовната колонија Дрен 2021 се одржа со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Досега на колонијата, во изминатите 13 години, се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата.

20211103_120722.jpg 20211102_132222.jpg 20211102_132156.jpg 20211102_132145.jpg 3.jpg 20211102_132259.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

dren11

 
Повеќе Артикли...
  • КОНЦЕРТ ИЛИЈА ЧАКАРОСКИ - КЛАСИЧНА ГИТАРА
  • концертна промоција КРИК и ПРАШИНА
  • Годишната изложба на ДЛУП 2021
  • Изложба на дела од Мирко, Лидија и Марко Вујисиќ
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 9 од 81

Изработено од Бучевски Дејан